Примарен алдостеронизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Примарен алдостеронизам
СинонимиПримарен хипералдостеронизам, Конов синдром
Алдостерон
СпецијалностЕндокринологија

Примарниот алдостеронизам (хипералдостеронизам) е тип на хормонско пореметување кое води до висок крвен притисок, односно хипертензија. Адреналните жлезди, познати уште како надбубрежни жлезди, се ендокрини жлезди, кои се одговорни за ослободување на хормони при стресни ситуации преку синтеза на кортикостеодниот хормон - кортизол и катехоламинот – епинефрин.Адреналните жлезди ја афектираат и бубрежната функција преку секреција на минералокортикоидот - алдостерон, хормон кој е инволвиран во регулирање на осмоларноста на крвната плазма, односно рамнотежата на калиум и натриум во крвта. Кај примарниот алдостеронизам, адреналните жлезди прекумерно создаваат алдостерон, предизвикувајќи губење на калиум и ретенција на натриум. Вишикот на натриум ја задржува водата, зголемувајќи го крвниот волумен, а консеквентно се покачува крвниот притисок.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Главните знаци на примарен алдостеронизам се:

  • умерена до тешка хипертензија (висок крвен притисок)
  • хипертензија за која се потребни повеќе видови на лекови
  • хипертензија со хипокалемија (ниско ниво на калиум)

Најчестите состојби кои предизвикуваат прекумерна продукција на алдостерон вклучуваат:

  • доброќуден раст (алдостероном или адренален аденом) во надбубрежната жлезда – состојба позната и како Конов синдром
  • прекумерна функција на адреналните жлезди (билатерална адренална хиперплазија)

Во поретки случаи, примарниот алдостеронизам може да биде предизвикан од:

  • канцерозен (злоќуден) раст во надворешниот слој (кортекс) на надбубрежната жлезда
  • редок тип на примарен алдостеронизам, наречен GRA (glucocorticoid-remediable aldosteronism), кој се наследува во фамилиите и предизвикува хипертензија кај децата и адолесцентите.

Компликации[уреди | уреди извор]

Примарниот алдостеронизам доведува до висок крвен притисок и хипокалемија. Овие компликации може да доведат до други здравствени проблеми.

Проблеми поврзани со хипертензија[уреди | уреди извор]

Перзистентно зголемениот крвен притисок може да доведе до следниве проблеми:

  • срцев удар
  • срцева слабост
  • лево-коморна хипертрофија (зголемување на миокардот на левата комора)
  • мозочен удар
  • бубрежна болест или слабост
  • предвремена смрт

Високиот крвен притисок предизвикан од примарен алдостеронизам има поголем ризик од кардиоваскуларни компликации, отколку другите типови на хипертензија.

Проблеми поврзани со ниското ниво на калиум[уреди | уреди извор]

Некои, но не сите луѓе, со примарен алдостеронизам, имаат ниски нивоа на калиум во крвта. Благата хиполакемија може да не предизвика значителни симптоми, но ниското ниво на калиум може да доведе до:

  • слабост
  • срцеви аритмии
  • мускулни грчеви
  • зголемена жед или уринирање.

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Постојат повеќе методи што се однесува во дијагнозата.

Скрининг-тестови[уреди | уреди извор]

На почетокот, лекарот го мери нивото на алдостерон и ренин во крвта. Ренинот е ензим кој се ослободува од страна на бубрезите, а помага во регулирањето на крвниот притисок. Комбинацијата од ниско ниво на ренин, а високо на алдостерон, индицира на примарен алдостеронизам.

Потврдни тестови[уреди | уреди извор]

Ако алдостерон-ренинскиот тест сугерира на примарен алдостеронизам, потребно е да се извршат следниве дијагностички тестови и процедури:

  • Тест на преоптоварување со сол - пациентот се става на три-дневна солена исхрана, а потоа се мери нивото на алдостерон и натриум во урината.
  • Тест на преоптоварување со физиолошки раствор – Нивото на алдостерон се мери по инфузија со физиолошки раствор.
  • Флудрокортизонски супресивен тест (FST) – Откако ќе се проследи солена исхрана и ќе се внесе лудрокортизон, кој ја врши истата функција како алдостерон, се мери нивото на алдостерон во крвта.

Терапија[уреди | уреди извор]

Лекувањето на примарниот алдостеронизам зависи од основната причина, но најважно е да се нормализира или блокираат ефектите од високото ниво на алдостеронот и да се спречат потенцијалните компликации поврзани со високиот крвен притисок и ниското ниво на калиум.

Третман на тумор на адренални жлезди[уреди | уреди извор]

  • хируршко отстранување на жлездата (адренелектомија)
  • алдостерон-блокирачки лекови

Третман за хиперреактивни надбубрежни жлезди[уреди | уреди извор]

  • лекови (антагонисти на минералокортикоидни рецептори, спиронолактон)
  • промени во начинот на живот

Употребен материјал[уреди | уреди извор]

http://www.zazdravje.com.mk/bolesti/a Архивирано на 23 април 2013 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори