Штитна жлезда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Штитна жлезда
Thyroidgland-intl.png
Положба на:
1. Штитна жлезда
2. Параштитни жлезди
    
.
Податоци
Прекурзор Thyroid diverticulum
Систем Ендокрин систем
Назнаки
Латински glandula thyroidea
MeSH A06.407.900
TA A11.3.00.001
FMA FMA:9603
Хистологија на штитната жлезда од коњ
1-фоликули исполнети со колоид
2-тиреоцити
3-крвни капилари

Штитната жлезда или тироидеа е ендокрина жлезда која е сместена непосредно под гркланот, од двете страни на душникот. Има форма на штит. Се состои од два лобуса (лев и десен) кои се споени со еден потесен жлездест дел, наречен истмус. Штитната жлезда е тешка од 30 до 60 g. Тироидното ткиво го сочинуваат бројни тироидни фоликули кои се исполнети со белковидна маса (колоид), каде што се акумулираат тироидните хормони. Фоликулите се обложени со жлездести клетки - тиреоцити.

Структура[уреди | уреди извор]

Физиологија[уреди | уреди извор]

Хормони од штитната жлезда[уреди | уреди извор]

Во штитната жлезда се синтетизираат два основни хормони: тироксин и тријодтиронин. За нивната синтеза се потребни големи количества на јод.

Нарушување на тироидната функција[уреди | уреди извор]

Хиперфункцијата на штитната жлезда доведува до појава на Базедова болест. Хипофункцијата во раниот развиток доведува до појава на ментално и физичко заостанување - кретенизам. Кај возрасни луѓе, поради намаленото лачење на тироидните хормони, доаѓа до намалување на метаболизмот, намалување на телесната температура, груба и отечена кожа, забавени реакции, незаинтересираност итн.

Регулација на функцијата на штитната жлезда[уреди | уреди извор]

Синтезата и секрецијата на тироидните хормони се регулира по принципот на негативна повратна врска. Тоа значи дека зголемената концентрација на слободниот тироксин во крвта, влијае инхибиторно врз секрецијата на соодветниот ослободувачки хормон од хипоталамусот (Тиреотропин, TSH). Поради тоа се намалува секрецијата на TSH од аденохипофизата. Намалувањето на овој хормон доведува до намалена синтеза и секреција на тироидните хормони. При намалено ниво на тироксин во крвта, дејствата се обратни.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]