Прејди на содржината

Хипертироидизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хипертироидизам
СинонимиХипертиреоза
Тријодотиронин (T3, на сликата) и тироксин (T4) се двете форми на тироиден хормон.
СпецијалностЕндокринологија
ЛековиБета блокатори, метимазол[1]
Честота1.2% (САД)[2]

Хипертироидизам е заболување на штитната жлезда коешто настанува како последица на зголемена концентрација на хормоните што ги лачи штитната жлезда. Хипертиреозата е состојба на забрзан метаболизам и бара мирување на пациентот додека не настапи нормализација на хормонот на штитната жлезда.

Најчеста причина за појава на хипертиреоза е автоимуната Гравесова болест, која најчесто се јавува кај жените на возраст од 20 до 40 години, а поретко кај мажите. Исто така, зголемената активност на штитната жлезда може да биде предизвикана и од хиперфункционален јазол, како и од полинодозна токсична струма. Исто така, причина за појавата на хипертиреоза може да биде и претераното внесување хормони, а како многу ретка причина се јавуваат и туморите на хипофизата.[3]

Како поретки причини за појава на хипертиреоза се јавуваат:[4]

Симптоми

[уреди | уреди извор]

Најчести симптоми на хипертиреозата се: гушавост, нервоза, промени на расположението, неподнесување топлина, прекумерно потење, тресење на рацете, срцебиење, замор, брзо заморување, отежнато дишење, брзо губење на телесната тежина и покрај добриот апетит, измет сличен на пролив итн. Исто така, кожата може да биде влажна и топла, а можни се и промени на потколениците во вид на задебелување. Кај Гравесовата болест често се јавува и оток на очните капаци, црвенило на белките, појава на двојни слики и испапченост на очите. Кај постарите пациенти често се јавува поблага, неспецифична клиничка слика, со намалена телесна тежина, слабост во мускулите, емотивна лабилност и нарушување на работата на срцето.[3]

Терапија

[уреди | уреди извор]

Во лечењето на хипертиреозата се применуваат три пристапи:[3]

  • Антитиреоидни лекови. Овие лекови го блокираат натамошното создавање на хормоните на штитната жлезда, а тие се користат во период од 12 до 18 месеци. Доколку по престанокот на лекувањето повторно се врати болеста (што се јавува во 70-80% од случаите), се препорачува лечење со другите постапки. Во првите три месеци од лекувањето со антитиреоидните лекови се применува и лекот од групата на бета-блокатори, пропранолол, кој ја забавува работата на срцето, го намалува крвниот притисок и го спречува претворањето на тироксинот (Т4) во тријодтиронин (Т3), со што се закочува активирањето на веќе создадените хормони што се наоѓаат во крвта.
  • Радиоактивен јод. Овој тип лекување овозможува нормализација на функцијата на штитната жлезда во период од три до шест месеци, а во текот на следните години по примањето на радиоактивен јод , кај 50-80% од пациентите доаѓа до намалена работа на штитната жлезда и имаат потреба од воведување синтетски хормони.
  • Хируршко лекување. Оваа терапија се применува кај помладите пациентки кои планираат бременост, како и кај мажите кај кои претходните терапии не даваат резултати. Исто така, хируршкиот третман се применува и при појава на големи, дифузни струми, како и струми со бројни јазли. Со хируршкиот зафат се отстранува целата или дел од штитната жлезда, така што пациентите мора доживотно да земаат хормони на штитната жлезда.
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NIH2012.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ATA2011.
  3. 3,0 3,1 3,2 Виолета Ќулафиќ-Војиновиќ, „Хипертиреоза - Заболување на штитната жлезда“, Betty магазин, година IV, број 37, март 2017, стр. 4.
  4. Виолета Ќулафиќ-Војиновиќ, „Хипертиреоза - Заболување на штитната жлезда“, Betty магазин, година IV, број 37, март 2017, стр. 4-5.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори