Транскрипција (генетика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шематски приказ на транскрипцијата.

Во генетиката, со терминот транскрипција се означува процесот на транскрибирање (препишување) на генетската информација потребна за синтеза на белковини од ДНК во информациска РНК. Всушност, овој процес е сличен со репликацијата на ДНК, но наместо ќеркини ДНК молекули се добива РНК. Транскрипцијата на ДНК започнува кога по реплицирањето, едната ќеркина низа служи како калап за синтеза на комплементарна РНК.

Транскрипцијата е катализирана од РНК-полимераза. Прокариотскиот ензим се разликува од еукариотскиот по неколку значајни својства. Производите на транскрипцијата може да се поделат во три различни класи, според нивната функција: информациска РНК (иРНК), транспортна РНК (тРНК) и рибозомна РНК (рРНК). Кај еукариотите, наместо иРНК, се синтетизира hn-РНК (хетерогена јадрена или јадрена РНК). Еден дел од неа се деградира веднаш по синтезата, но останатиот недеградиран дел се претвора во иРНК преку процес наречен врзување (splicing). Потоа иРНК излегува од јадрото во цитоплазмата, каде се врши процесот на транслација.