Дијабетична кетоацидоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дијабетична кетоацидоза (ДКА) е потенцијално животозагрозувачка компликација на дијабетес мелитус.[1] Знаците и симптомите може да вклучуваат повраќање, абдоминална болка, длабоко и забрзано дишење, често мокрење, слабост, конфузија и повремено губиток на свест.[1] Некогаш се јавува специфичен мирис на ацетон во здивот.[1] Симптомите се јавуваат брзо.[1] Лицата без претходна дијагноза на дијабетес може да развијат ДКА како прв очигледен симптом.[1]

ДКА најчесто се јавува кај лица со тип 1 дијабетес но може да се јави и кај другите типови под одредени околности.[1] Тригери може да бидат инфекција, нередовно и неправилно земање на инсулинот, мозочен удар и одредени лекови како стероиди.[1] ДКА се јавува како резултат на недостиг на инсулин во организмот; поради што започнува процес на разложување на масните киселини и создавање на кетонски тела.[2] ДКА вообичаено се дијагностицира врз основа на високо ниво на глукоза во крвта, ниска pH на крвта и присуство на кетокиселини во крвта или урината.[1]

Примарниот третман на ДКА вклучува интравенски течности и инсулин.[1] Во зависност од сериозноста, инсулинот може да биде даден интравенски или поткожно.[2] Вообичаено, се дава и калиум со цел да се превенира развојот на хипокалемија.[1] Во текот на третманот, треба да бидат следени нивото на глукоза и калиум во крвта.[1] Треба да биде идентификуван причинителот на ДКА.[3]

Стапката на ДКА е различна во разни делови од светот.[4] Во Обединетото Кралство, околу 4% од луѓето со тип 1 дијабетес развиваат ДКА секоја година, додека во Малезија 25% од луѓето со тип 1 дијабетес развиваат ДКА секоја година.[1][4] ДКА прв пат била опишана во 1886, и до воведувањето на инсулинската терапија во 1920-те, била речиси универзално фатална.[5] Ризикот за смртност со адекватен и навремен третман е помеѓу <1% и 5%.[1][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 Misra, S; Oliver, NS (28 October 2015). „Diabetic ketoacidosis in adults“ (PDF). BMJ (Clinical Research Ed.). 351: h5660. doi:10.1136/bmj.h5660. hdl:10044/1/41091. PMID 26510442. S2CID 38872958.
  2. 2,0 2,1 Kitabchi AE, Umpierrez GE, Miles JM, Fisher JN (July 2009). „Hyperglycemic crises in adult patients with diabetes“. Diabetes Care. 32 (7): 1335–43. doi:10.2337/dc09-9032. PMC 2699725. PMID 19564476.
  3. 3,0 3,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име JBDS.
  4. 4,0 4,1 Maletkovic, J; Drexler, A (December 2013). „Diabetic ketoacidosis and hyperglycemic hyperosmolar state“. Endocrinology and Metabolism Clinics of North America. 42 (4): 677–95. doi:10.1016/j.ecl.2013.07.001. PMID 24286946.
  5. Eledrisi MS, Alshanti MS, Shah MF, Brolosy B, Jaha N (May 2006). „Overview of the diagnosis and management of diabetic ketoacidosis“. American Journal of the Medical Sciences. 331 (5): 243–51. doi:10.1097/00000441-200605000-00002. PMID 16702793.