Прејди на содржината

Соколарци

Координати: 41°53′48″N 22°16′30″E / 41.89667° СГШ; 22.27500° ИГД / 41.89667; 22.27500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Соколарци

Поглед на селото Соколарци

Соколарци во рамките на Македонија
Соколарци
Местоположба на Соколарци во Македонија
Соколарци на карта

Карта

Координати 41°53′48″N 22°16′30″E / 41.89667° СГШ; 22.27500° ИГД / 41.89667; 22.27500
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 956 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13038
Надм. вис. 311 м. м
Соколарци на општинската карта

Атарот на Соколарци во рамките на општината
Соколарци на Ризницата

Соколарци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба

Поглед од долното маало на Соколарци со Кочанското Поле и планината Плачковица во позадината

Селото се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини, во Кочанското Поле.

Историја

Потеклото на името Соколарци, доаѓа од името „Соколар“ коешто во времето на Отоманското Царство во XV, XVI и XVII век, било име за професија на луѓе кои се занимавале со одгледување на соколи за воени цели, и за што овие луѓе - соколари биле плаќани од државната каса на Отоманското Царство.

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманската Империја.

Стопанство

Населението на селото Соколарци се занимава со земјоделство. Најзастапени гранки се полојделството (одгледување на ориз, пченица, пченка, домат) и сточарството (одгледување овци и крави). Оризот и доматот од Соколарци најчесто се пласира на кочанскиот и скопските пазари. Во селото работи и млекарницата „Осогово Милк“ која своите производи ги пласира на македонскиот пазар. Во селото има и земјоделска аптека GVT-LTD која се занимава со продажба на земјоделски препарати и сточна храна.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Соколарци живееле 680 жители, од кои 670 Македонци и 10 Роми.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Соколарци имало 702 жители, од кои 648 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 54 Власи.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Соколарци живеат 956 жители, од кои 946 Македонци, 8 Власи и 2 Срби.[4]

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 680[6] 702[3] 1.055 1.166 1.307 1.225 1.176 1.053 994 956

Родови

Во Соколарци, огромен број од населението го сочинуваат Македонци, а освен нив во сосема мал број има и нешто Власи[7]. Сите македонски родови кои живеат во Соколарци се староседелци или доселени уште во дамнешни времиња во турско[7]. Најстари македонски родови во селото се Молци и Менџии и слават Свети Никола. Македонски родови кои слават Петковден се: Шеќерџиовци или Велковци, Кметци кои родовското презиме го добиле поради тоа што некој нивен предок во турско време бил кмет - старешина на селото, Ќосевци, Кацарци и Коритарчани чие далечно поткло е некаде од Западна Македонија или денешна Албанија[7]. Македонски родови кои слават Свети Никола се:Ангелашевци, Џоваџици, Мадемџици кои родовското презиме го добиле поради тоа што некои нивни предци работеле во злетовските рудници (мадеми), Уткарци едно време ја напуштиле славата поради тоа што еднаш „на слава утепале човек“, Дашовци и Мицајковци[7]. Македонски родови кои слават Свети Архангел се: Каранфиловци, Ѓорѓиевци, Малиновци, Шетевци и Црвенџиовци[7]. Влашки род кој живее во Соколарци се Кутурела кои се доселиле пред околу 120 години и припаѓале на поголемото братство Бразен, од нив потекнал и родот Зурзовци кој заедно со поголемиот дел припадници на овој род се иселиле во Ќоселери, Ерџелија, Лепопелци и повеќе други села кои ги напуштиле Tурците во Овче Поле[7].

Културни и природни знаменитости

Верски објекти

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 879 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 696 гласачи.[9]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 226. ISBN 954430424X.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина - сеоска насеља и становништво (српски). Скопје: Филозофски факултет. стр. 92–94.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски