Ќоселари

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ќоселери)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ќоселари
Ќоселари is located in Македонија
Ќоселари
Местоположба на Ќоселари во Македонија
Координати 41°45′30″N 21°56′27″E / 41.75833° СГШ; 21.94083° ИГД / 41.75833; 21.94083Координати: 41°45′30″N 21°56′27″E / 41.75833° СГШ; 21.94083° ИГД / 41.75833; 21.94083
Општина Coat of arms of Lozovo Municipality.svg Лозово
Население 88 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Надм. вис. 253 м. м
Ќоселари на општинската карта
Ќоселари во Општина Лозово.svg

Атарот на Ќоселари во рамките на општината


Ќоселари е село во Општина Лозово, неколку километри јужно од градот Свети Николе.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Ќоселари се наоѓа во Овче Поле, во централниот дел на општина Лозово, на 12 километри јужно од градот Свети Николе. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 250 метри. Селото има атар од 22,2 квадратни километри. Најголем дел од површината се пасишта.

Историja[уреди | уреди извор]

Како и поголемиот дел од селата во Република Македонија, селото во втората половина на 20 век го зафатиле процесите на миграција од село во град, со што бројот на жители драстично се намалил.

На крајот на 19 век селото било дел од Штипската каза на Отоманската Империја. Според податоците на бугарскиот етниграф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало 20 Македонци и 210 Турци.[1] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена.

Економија[уреди | уреди извор]

Во селото најзастапени се полјоделството и сточарството. Обработливото земјиште зафаќа 867 хектари, пасиштата зафаќаат 1.204 хектари, додека 120 хектари се шуми.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1961 години бројот на жители изнесувал 413 жители. Во 1994 година, бројот на жители се намалил на 95 - 62 Македонци и 33 Власи. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 88 жители. Следува табела на националната структура на населението[2]

Националност Вкупно
Македонци 42
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 46
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 450
1953 67 423 35 ... 1 526
1961 171 ... ... ... 242 413
1971 146 16 ... ... 213 375
1981 141 49 ... 1 191
1991 72 41 2 95
1994 62 33 1 95
2002 42 46 88

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во Ќоселари постои: основно училиште до IV одделение, фабрички погон и услужни дејности.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 306 стр.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  2. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]