Света Варвара (Берско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Света Варвара
Αγία Βαρβάρα
Влезот во Света Варвара
Влезот во Света Варвара
Света Варвара is located in Грција
Света Варвара
Света Варвара
Координати: 40°30′N 22°15′E / 40.500° СГШ; 22.250° ИГД / 40.500; 22.250Координати: 40°30′N 22°15′E / 40.500° СГШ; 22.250° ИГД / 40.500; 22.250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно896
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Света Варвара или само Варвара (грчки: Αγία Βαρβάρα, Агија Варвара; до 1953 година: Βαρβάραι, Варваре[2]) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 80 метри.[3]

Сместено е во близина на левиот ракав на реката Бистрица и големата брана. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 21 квадратен километар.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Варвара е релативно нова населба. Изградена е по 1923 година, кога грчките власти во неа населиле 46 бегалски семејства со вкупно 399 жители, колку што селото броело во 1928 година.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во селото главно се занимава со земјоделство. Најмногу се произведува пченица, овошје, памук, бостан и други земјоделски производи, а помало внимание му се посветува и на краварството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Селото Света Варвара

По нејзиното населување со грчките бегалци, селото забележува постојан пораст на населението, главно поради добрата местоположба и плодните обработливи површини со кои располагаат селаните. Првото бележење на селото како посебна населба било со пописот во 1928 година, кога имало 399 жители од 46 бегалски семејства. Веќе во 1940 година, бројот на жители се искачил на 549, во 1951 година имало 585, а во 1961 година дури 1.752 година. Веројатно во оваа бројка се влезени и работниците кои работеле на изградба на браната на реката Бистрица, во близина на селото. Во 1971 година, селото имало 1.167, во 1981 година 1.042, а во 1991 година 896 жители. Покрај природното зголемување на селото, бројот на жителите се зголемувал и поради доселувањата во селото, главно од попасивните села во областа.[3]

Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 797 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 896 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 549 585 1.752 1.167 1.042 896 797 896
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Света Варвара, во кој покрај Света Варвара е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βαρβάραι -- Αγία Βαρβάρα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 7.