Перлеберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Перлеберг
Градското собрание и црквата Св. Јаков
Градското собрание и црквата Св. Јаков
Грб на Перлеберг
Перлеберг is located in Германија
Перлеберг
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Пригниц
Градски единици 12
Градоначалник Фред Фишер (независен)
Основни податоци
Површина 137,82 км2
Надм. височина 31 м
Население 12.367 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 90 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PR
Пошт. бр. 19348
Повик. бр. 03876
Портал www.stadt-perleberg.de
Местоположба на градот Перлеберг во рамките на округот Пригниц
Карта
Координати 53°04′0″N 11°52′0″E / 53.06667° СГШ; 11.86667° ИГД / 53.06667; 11.86667Координати: 53°04′0″N 11°52′0″E / 53.06667° СГШ; 11.86667° ИГД / 53.06667; 11.86667

Перлеберг (германски: Perleberg) — град и административно седиште на округот Пригниц, сместен во северозападниот дел на сојузната покраина Бранденбург, во Германија. Градот ги добил градските права во 1239[2]. Сместен во главно земјоделска област, градот има долга историја на војници кои биле сместени тука (најмногу од Прусија) и како административно седиште на локалната власт.

Географија[уреди | уреди извор]

Скулптура за Роланд од XVI век

Перлеберг се наоѓа во срцето на округот Пригниц, на половина пат помеѓу двата најголеми германски града Берлин и Хамбург.[3] Се граничи со општините Карштет на северозапад, Грос Панков (Пригниц) на североисток, Платенбург на југоисток; општинските заедници Бад Вилснак/Вајзен на југ, Ленцен-Елбталауе на запад; градот Витенберге на југозапад.

Штепениц тече од североисток кон југозапад низ Перлеберг. Историскиот центар на градот е изграден на острови помеѓу два ракави на реката.

Историја[уреди | уреди извор]

Една од најстарите градби во градот е црквата Св. Јаков (Jakobikirche). Прв пат спомената во 1294,[4] била често обновувана и целосно изменета во 1850-тите.[5]

Во 14 век го достигнал својот врв како дел од Ханза. Во 1523 бил средиште на армијата на изборниот кнез Јоахим Први како поддршка на неговиот зет Кристијан Втори во обидот да се врати на неговиот трон. Триесетгодишната војна предизвикала сериозни оштетувања на градот; од 3.500 жители, само 300 преживеале.[2]

На 25 ноември 1809, грофот Бенџамин Батерст исчезнал во Перлеберг. Подоцна на сметка на исчезнувањето се појавиле тврдење дека станува збор за паранормална појава.[6]

Луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2016 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. 31 декември 2015.  (германски)
  2. 2,0 2,1 „Историја“. Официјална страница на Перлеберг (германски). Град Перлеберг. конс. 18 јули 2011. 
  3. „Liebenswerte Stadt im Herzen der Prignitz“. Официјална страница на Перлеберг (германски). Град Перлеберг. конс. 8 април 2011. 
  4. Хепфнер, Август. „Die St. Jacobykirche“. Perleberger Reimchronik (германски). конс. 18 јули 2011. 
  5. „St. Jacobi Kirche“. kirchenkreis-prignitz.de (германски). Evangelischer Kirchenkreis Perleberg-Wittenberge. конс. 18 јули 2011. 
  6. Деш, Мајк. „Исчезнувањето на Бенџамин Батерст“, стр. 40–44.

Ризница-врска[уреди | уреди извор]