Литвански јазик (самонар. lietuvių kalba) — балтички јазик кој воглавно се зборува во Литванија, но и во литванските заедници во светот. Тој е службен јазик во Литванија и службен јазик во Европската Унија. Литванскиот јазик како мајчин го зборуваат околу 2.96 милиони жители во Литванија и околу 170.000 во странство. Тој е сличен со летонскиот јазик, бидејќи се од иста јазична група, но не се многу разбирливи помеѓу себе. Литванскиот јазик се пишува со литванска азбука, заснована на латиницата.
Литванскиот јазик воглавно се зборува во Литванија. Исто така, јазикот се зборува од етничките Литванци во Белорусија, Летонија, Полска и Калининградската Област во Русија. Покрај овие околни држави, литванскиот се зборува и во сите литвански заедници во дијаспората. Во Литванија 2.955.200 луѓе го зборуваат литванскиот според приоценката од 1998 година.
Литванскиот јазик има две големи дијалектни групи: аукшајтијски дијалект и самогитски дијалект. Денес постојат значајни разлики меѓу самогитскиот дијалект и стандардниот литвански јазик. Модерниот самогитски дијалект се оформил во периодот од 13 до 16 век под влијание на курскиот јазик. Двата големи дијалекта се поделени на говори или суп-дијалекти, каде секој дијалект има по 3 говори. Самогитскиот е составен од западен, северен и јужен дијалект, додек аукштајтијскиот е поделен на западен, дајнавски и источен дијалект. Овие дијалекти се составени од говори. Стандардниот литвански е заснован на западно-аукштајтијскиот дијалект, но има влијание и од останатите дијалекти, особено во поглед на зборовниот фонд.
Литванскиот јазик користи литванска азбука, заснована на латиницата. Таа е составена од 32 букви.
A
Ą
B
C
Č
D
E
Ę
Ė
F
G
H
I
Į
Y
J
K
L
M
N
O
P
R
S
Š
T
U
Ų
Ū
V
Z
Ž
a
ą
b
c
č
d
e
ę
ė
f
g
h
i
į
y
j
k
l
m
n
o
p
r
s
š
t
u
ų
ū
v
z
ž
Литванскиот јазик во голем дел е фонетски јазик, односно како и македонскиот, една буква претставува еден глас. Макрон се користи за да се означи должината на самогласката, но се користат и останати диакрити, кои не се користат многу при пишување.
Visi žmonės gimsta laisvi ir lygūs savo orumu ir teisėmis. Jiems suteiktas protas ir sąžinė ir jie turi elgtis vienas kito atžvilgiu kaip broliai.
Македонски
Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Leonardas Dambriūnas, Antanas Klimas, William R. Schmalstieg, Beginner's Lithuanian, Hippocrene Books, 1999, ISBN 0-7818-0678-X. Older editions (copyright 1966) called "Introduction to modern Lithuanian".
Remys, Edmund, Review of Modern Lithuanian Grammar, Lithuanian Research and Studies Center, Chicago, 2nd revised edition, 2003.
Klimas, Antanas. „Baltic and Slavic revisited“. Lituanus vol. 19, no. 1, Spring 1973. Архивирано од изворникот на 2008-05-06. Посетено на 23 октомври 2007. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
Zigmas Zinkevičius, "Lietuvių kalbos istorija" ("History of Lithuanian Language") Vol.1, Vilnius: Mokslas, 1984, ISBN 5-420-00102-0.
Remys, Edmund, General distinguishing features of various Indo-European languages and their relationship to Lithuanian, Indogermanische Forschungen, Berlin, New York, 2007.