Курски јазик
Курски јазик | |
---|---|
Изговор | куршу валода |
Застапен во | Латвија, Литванија, Германија |
Подрачје | Европа |
Говорници | непознато |
Јазично семејство | индоевропско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Курски јазик (германски: Kurisch; латвиски: kuršu valoda; ливански: kuršių kalba) може да се однесува за повеќе различни варијанти на јазици но многу слични со себе. Така имаме старокурски и новокурски јазик.
Старокурски јазик
[уреди | уреди извор]Традиционално, поимот старокурски јазик се однесува за исчезнат јазик на курското племе што воглавном живеело на полуостровот Курланд а денес е во склоп на Латвија, но и по бреговите на Балтичкото Море[1]. Јазикот бил сличен со финскиот и естонскиот. Јазикот исчезнал до XVII век и се претопил како дијалект на латвиски јазик и на литвански јазик[2] познат како самогитски дијалект. Нема зачувани документи.
Новокурски јазик
[уреди | уреди извор]Таканаречениот новокурски јазик е зборуван од курсениеките. Во процесот на миграција на населението за време на XIV до XVII век Курите се населиле на територијата на источна Прусија и станале познати како курсениеки. Јазикот бил под влијание на германски јазик но исто така и од литвански јазик. Кон крајот на XVIII век новокурски дијалекти се оформиле и видно различни од околните јазици. За првпат се објавил зборовник на курски во 1927 година во кој: 60% од зборовите биле исто со латвиските, 26% позајмени зборови од германски јазик и 13% литвански зборови. Луѓето што говорат јужен дијалект на латвиски јазик можат лесно да се разберат со Курите.
Оваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Haarmann, Harald (2002). „Kurisch“ [Curonian]. Во Miloš Okuka (уред.). Wieser-Enzyklopädie des Europäischen Ostens. 10. Klagenfurt/Vienna, Austria: Wieser. стр. 957. ISBN 3-85129-510-2. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на 2012-05-12.
- ↑ Östen Dahl (ed.) 2001, The Circum-Baltic Languages: Typology and Contact, vol. 1
|