Прејди на содржината

Отворена предна незаоблена самогласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Отворена предна незаоблена самогласка
a
МФА-бр.304
Шифрирање
Единица (дек.)a
Уникод (хекс.)U+0061
X-SAMPAa
Киршенбаумa
Звук

 

Отворената предна незаоблена самогласка (ниска предна незаоблена самогласка) е вид на самогласка што се јавува во речиси сите јазици во светот. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨a⟩. Во македонскиот, како и многу други јазици, гласот е претставен со буквата а.

Меѓутоа, во практиката често се случува самогласката да се едначи со гласот ⟨æ⟩ (речиси отворена (речиси ниска) предна незаоблена самогласка), а со ⟨a⟩ да се означува отворената (ниска) незаоблена самогласка од среден ред.

Особености

[уреди | уреди извор]
Табела на самогласки по МФА
Предни Речисипредни Средни Речисизадни Задни
Затворени
iy
ɨʉ
ɯu
ɪʏ
ʊ
eø
ɘɵ
ɤo
ɛœ
ɜɞ
ʌɔ
æ
aɶ
ä
ɑɒ
Речиси затворени
Полузатворени
Средни
Полуотворени
Речиси отворени
Отворени
Самогласките во парови се: незаоблена  заоблена

Помош за МФА  легенда  табела   табела со звуци  погл.
  • Според висината, самогласката е отворена (ниска), што значи дека јазикот се става што е можно подалеку од горниот ѕид на устата, т.е. што пониско.
  • Според местото на образување (редот), самогласката е предна, што значи дека јазикот се става што е можно понапред во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
  • Според обликот на усните, самогласката е незаоблена, што значи дека усните се лабави и не заземаат округол облик.

Највеќето јазици имаат извесен облик на предна незаоблена самогласка. Јазиците што имаат само по една ниска самогласка исто така можат да го користат симболот <a> од практични причини, бидејќи е единствената ниска самогласка што има своја буква во основната латиница. Во тие случаи, самогласката е поблиска до средното [ä] отколку до предното [a].

ЈазикЗборМФАЗначењеБелешки
адигејскидахэ[daːxa]убав
англискисеверозапад на САДstock[stak]залиха
Канадаstack[stak]пластЗависно од регионот, гласот се движи од преден до среден, па дури и позаден (во делови од Шкотска и Алстер). Може да се разликува и по должина (на пр. пократок во Шкотска отколку во Канада). Многу говорници користат [æ] наместо оваа согласка.
северна Англија
Ирска
Јамајка
Шкотска
Велс
јужна Англија[sta̝k]Повишена самогласка што се среќава во извесни дијалекти. Соодветствува на [æ]~[ɛ̞] кај другите.
арапскиисточен[1]بان[baːn]се појави
бенгалскиপা pa]][pa]нога
велшкиmam[mam]мајка
виетнамскиxa[saː]газа
германскиRat[ʁaːtʰ]советНекои дијалекти тука користат задна самогласка.
грчкиακακία[akaˈcia]багрем
гуџаратскиશાંતિ shanti[ʃanti]мир
западнофризискиlaad[ˈɫaːt]фиока
запотечкитилквијапански[2]na[na]сега
кабардинскидахэ[daːxa]убав
каталонскимајорканскиsac[sac]вреќаСоодветствува на [ä] во другите наречја.
кинескикантонски saa1[saː˥]песок
мандарински tā[tʰa˥]тој
литванскиnamas[ˈnaːmas]куќа
македонскимаса[ˈmasa]маса
малајскиapi[api]оган
полскиjajo[ˈjajɔ]јајцеПонапреден алофон на /a/ помеѓу преднонепчени или омекнати согласки.
севернофризискиbraan[ˈbraːn]гори
рускитам[t̪am]таму
хебрејскиדָּם[daːm]крв

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Thelwall (1990:38)
  2. Merrill (2008:109)

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Merrill, Elizabeth (2008), „Tilquiapan Zapotec“, Journal of the International Phonetic Association, 38 (1): 107–114, doi:10.1017/S0025100308003344
  • Thelwall, Robin; Sa'Adeddin, M. Akram (1990), „Illustrations of the IPA: Arabic“, Journal of the International Phonetic Association, 20 (2): 37–41, doi:10.1017/S0025100300004266