Џалуит

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џалујт)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џалуит
Jaluit.jpg
Сателитска снимка на атолот.
Географија
МестоТихи Океан
Координати05°55′18″N 169°38′33″E / 5.92167° СГШ; 169.64250° ИГД / 5.92167; 169.64250
АрипелагРалички Острови
Вкупно острови91
Површина11,34 км2
Управување
Демографија
Население1669 (1998)
Етнички групиМаршалци
Поглед кон атолот во 1978.

Џалуит (маршалски: Jālwōj или Jālooj[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 91 мало островче. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и претставува една од општините во државата. Атолот има вкупна површина од 11.34 километри квадратни и лагуна од 690 километри квадратни. Атолот се наоѓа на околу 220 км југозападно од Маџуро. Според податоците од 1999 година на атолот имало 1.669 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1884 година атолот бил под германска контрола и дел од Германска Нова Гвинеја. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]