Еневетак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еневетак
Карта на Еневетак
Географија
МестоТихи Океан
Координати11°30′N 162°20′E / 11.500° СГШ; 162.333° ИГД / 11.500; 162.333Координати: 11°30′N 162°20′E / 11.500° СГШ; 162.333° ИГД / 11.500; 162.333
АрхипелагРалички Острови
Вкупно острови40
Површина5,85 км2
Управување
Демографија
Население853 (1998)
Етнички групиМаршалци
Поглед кон Евеветак.

Еневетак или Ениветок (маршалски: Ānewetak или Āne-wātak[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 40 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и сочинува една од општините во државата. Атолот има површина од 5.85 км2 и во средината има длабока лагуна. Атолот се наоѓа 305 км западно од Бикини. Според податоците од 1998 година на атолот живееле 853 жители. Американците на атолот извршувале јадрени тестирања во 1950-те.

Историја[уреди | уреди извор]

Атолот бил населен најмалку 2,000 години.[2] Германија во 1884 тврдела дела Еневатак е под нивна контрола, како и останатите Маршалски Острови. По Првата светска војна островот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Со независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]