Ајлинглаплап (маршалски: Aelōn̄ļapļap) или Ајлинглапалап — корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови. Атолот е составен од 56 мали островчиња и воедно претставува една од општините во државата. Ајлинглаплап се наоѓа152 километри северозападно од Џалуит. Атолот има вкупна површина од 14.7 км2, а во средината има лагуна која има површина од 750 км2. Економијата на атолот е зависна од плантажи со кокос. Според податоците од 1999 година, на атолот живееле 1.959 жители. Името на атолот во превод значи „најголем атол“ и името е пврзано со верувањето дека најголемите легенди на Маршалците потекнуваат од овој атол. На атолот има четири населени места: Воџа, Џех, Ајрок и Боуџ.
Германија во 1884 тврдела дела Ајлингалаплап е под нивна контрола, како и останатите Маршалски Острови. По Првата светска војна островот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Со независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.