Прејди на содржината

Уџае

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уџае
Сателитска снимка на Уџае.
Географија
МестоТихи Океан
Координати09°03′00″N 165°39′00″E / 9.05000° СГШ; 165.65000° ИГД / 9.05000; 165.65000
АрхипелагРалички Острови
Вкупно острови14
Површина1,86 км2
Држава
Демографија
Население448 (1998)
Етнички групиМаршалци


Уџае (маршалски: Ujae или Wūjae[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 15 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и тој претставува една од општините во државата. Уџае има вкупна површина од околу 1.86 км2 и лагуна од 185.94 км2. Атолот е оддалечен од Кваџалејн 122 км. Според податоците од 1998 година атолот имал население од 448 жители. Атолот има надморска височина од 3 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1884 година атолот бил под германска контрола и дел од Германска Нова Гвинеја. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]