Ликиеп
Изглед
Сателитска снимка на атолот. | |
| Географија | |
|---|---|
| Место | Тихи Океан |
| Координати | 09°54′00″N 169°08′00″E / 9.90000°N 169.13333°E |
| Архипелаг | Ратачки Острови |
| Вкупно острови | 65 |
| Површина | 10,26 км2 |
| Држава | |
| Демографија | |
| Население | 482 (1998) |
| Етнички групи | Маршалци |
Ликиеп (маршалски: Likiep[1]) е корален атол во Тихиот Океан кој е составен од 65 мали островчиња. Атолот воедно сочинува една од општините во државата. Ликиеп е дел од Ратачките Острови во државата Маршалски Острови. Атолот се наоѓа 55 км северозападно од Вотје и има вкупна копнена површина од 10.26 км2. Лагуната на атолот има 424 км2. Според податоците од 1998 година, на атолот имало 482 жители.
Историја
[уреди | уреди извор]Во минатото Германското Царство тврдела дека атолот, заедно со Маршалските Острови, се под нејзина контрола. По Првата светска војна, атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска контрола. Атолот станал дел од независни Маршалски Острови во 1986.
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Ликиеп“ на Ризницата ? |
- Маршалски Острови
- Ликиеп на Oceandots Архивирано на 23 декември 2010 г.
- Carmen C.H. Petrosian-Husa, The De Brum Photo Collection - Memento Mori, Alele Report 2005/1, Historic Preservation Office, Majuro, Marshall Islands.
| |||||||||||||||||