14 април
Изглед
<< | април | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | ||||
2024 |
14 април — 104-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (105-и во престапна година). Остануваат 261 денови до крајот на годината.
Настани:
1865 | Во театарот „Форд“ во Вашингтон, Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн. |
1894 | Во Њујорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики — претходник на филмот. |
1912 | Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе. |
1915 | Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес. |
1941 | Усташите се задолжени за управувањето со Независната Држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6 април истата година. |
1992 | Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија. |
1994 | Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник — Ден на Царинската служба на Република Македонија. |
1995 | Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставиле дипломатски односи. |
Родени:
1862 | Воислав Илиќ — српски поет. |
1883 | Сима Пандуровиќ — српски поет. |
1906 | Семјуел Бекет — ирски писател, драматург и поет. |
1907 | Франсоа Дувалие — хаитски диктатор. |
1924 | Душко Малевски — македонски новинар. |
1940 | Џули Кристи — англиска глумица. |
1945 | Ричи Блекмор — англиски рок-гитарист, член на групата „Дип парпл“ (Deep Purple). |
1954 | Брус Стерлинг — американски писател на научна фантастика. |
1957 | Михаил Плетњов — руски пијанист, диригент и композитор. |
1958 | Бранислав Саркањац — македонски социо-политички филозоф и аналитичар. |
1959 | Роберто Брунамонти — италијански кошаркар. |
1973 | Роберто Ајала — аргентински фудбалер. |
1977 | Кристијано Занети — италијански фудбалер. |
1981 | Ристе Наумов — македонски фудбалер. |
1985 | Константин Игропуло — руски ракометар. |
1991 | Мартин Монтоја — шпански фудбалер. |
1999 | Матео Гундузи — француски фудбалер. |
Починале:
1759 | Георг Фридрих Хендл — германско-британски барокен композитор. |
1930 | Владимир Мајаковски — руски писател. |
1964 | Рејчел Карсон — американска екологистка. |
1986 | Симон де Бовоар — француска писателка и филозоф. |
1997 | Видое Подгорец — македонски писател. |
2012 | Пјермарио Морозини — италијански фудбалер. |
2015 | Перси Слеџ — американски соул-пејач. |
2019 | Мирјана Марковиќ — српска и југословенска политичарка и универзитетска професорка, сопруга на српскиот претседател Слободан Милошевиќ. |
Празници:
* | Ден на Царинската служба на Република Македонија |