Љубен Ташковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љубен Ташковски е роден на 4 јануари 1931 година во Струмица, починал на 2 јули1994 година во Скопје, бил поет.

Животопис[уреди | уреди извор]

Љубен Ташковски е роден во Струмица, каде што завршил основно училиште и прва година гимназија, продолжил образование во Кавадарци, а студирал и во Белград, но се вратил во Македонија, каде во Скопје завршил Филозофски факултет. Работел како новинар и професор по книжевност, но во1962 година решава да продолжи со статус на професионален писател, а во 1976 година остварува право на национална пензија. Бил член на Друштво на писатели на Македонија од 1960 година[1].

Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“ на издавачката куќа „Македонска книга“; „5-ти Ноември“ на градот Струмица.

Љубен Ташковски е татко на македонскиот книжевник Братислав Ташковски.

Дела[уреди | уреди извор]

Катарина - поезија, 1958 година;

Балада за јужното небо - поезија, 1960 година;

Кукушанка - поезија, 1962 година;

За нас нема збогум - поезија, 1967 година;

Македонска рапсодија - поезија, 1969;

Илинден - поезија, 1969 година;

Љубен во Америка - поезија, 1970 година;

Мојата јужна љубов - поезија, 1979 година;

Калинка - поезија, 1981 година;

Од Скопје до Чикаго, од Њујорк до Сантјаго - поезија за деца, 1986 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004, ISBN 9989-855-07-2