Сарагоса (покраина)

Координати: 41°35′N 1°00′W / 41.583° СГШ; 1.000° ЗГД / 41.583; -1.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сарагоса
Provincia de Zaragoza
покраина
Знаме на СарагосаГрб на Сарагоса
Покраината Сарагоса во рамките на Шпанија
Покраината Сарагоса во рамките на Шпанија
Земја Шпанија
Автон. заедница Арагон
СедиштеСарагоса
Површина
 • Вкупна17.274 км2 (6,670 ми2)
Население (2018)[1]
 • Вкупно954,811
 • Густина0,055/км2 (0,14/ми2)
Служб. јазицишпански
Мреж. местоdpz.es
Реката Ебро низ Сарагоса со базиликата „Пресв. Богородица Столбна“ од десно.
Поглед на планината Монкајо од Тарасона.

Сарагоса (шпански: Provincia de Zaragoza) — покраина во северна Шпанија, сместена во средишниот дел на автономната заедница Арагон. Главен град на е Сарагоса, кој воедно е главен на целиот Арагон. Во покраината има уште неколку градови, иако сите тие се значително помали: Калатајуд, Ехеја де лос Кабаљерос и Тарасона, Ла Алмунија де Доња Година и Борха.

Со површина од 17.274 км2, Сарагоса го зазема четвртото место во земјата. Има вкупно 954.811 жители (2018), од кои речиси три четвртини живеат во главниот град; оттука густината на населеност е релативно ниска — 50,95 жит./км2. Опфаќа 292 општини, од кои повеќе од половината се села со помалку од 300 жители.

Главен и службен јазик во покраината е шпанскиот, а каталонскиот се говори Долен Арагон-Каспе и Мекиненса.

Географија[уреди | уреди извор]

Покраината се граничи со Љеида, Тарагона, Теруел, Гвадалахара, Сорија, Ла Риоха, Навара и Уеска. Јужната и западната страна се протега Ибериските Планини, додека пак северните краеви допираат до подножјето на Пиринејското Подгорје (Претпиринеи). Најважна река е Ебро, која ја пресекува покраината во правец запад-исток.

Окрузи[уреди | уреди извор]

Сарагоса како покраина е поделена на 24 окрузи (комарки):

Бр. Име Седиште
5 Синко Виљас Ехеја де лос Кабаљерос
12 Тарасона и Монјако Тарасона
13 Кампо де Борха Борха
14 Аранда Иљуека
15 Рибера Алта дел Ебро Алагон
16 Валдехалон Ла Алмунија де Доња Година
17 Сарагоса Сарагоса
18 Рибера Баха дел Ебро Кинто
19 Долен Арагон-Каспе Каспе
20 Комунидад де Калатајуд Калатајуд
21 Кампо де Карињена Карињена
22 Кампо де Белчите Белчите
24 Кампо де Дарока Дарока

Некои окрузи ѝ припаѓаат на покраината Уеска, но имаат извесни населени места во Сарагоса:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]