VIII милениум п.н.е.

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милениуми:
Векови:
  • 80-ти век п.н.е
  • 79-ти век п.н.е
  • 78-ми век п.н.е
  • 77-ми век п.н.е
  • 76-ти век п.н.е
  • 75-ти век п.н.е
  • 74-ти век п.н.е
  • 73-ти век п.н.е
  • 72-ри век п.н.е
  • 71-ви век п.н.е

VIII милениум п.н.е.илјадалетен период од историјата на светот кој се карактеризира распространувањето на земјоделство на целата Плодната Полумесечина и Анадолија.

Грнчарството станува сеприсутно (независно развиено и во Средна Америка), а сточарството се проширува во Африка и Евроазија. Светското население брои околу 5 милиони луѓе.

Настани[уреди | уреди извор]

Археолошки ископини во јужниот дел на Чаталхојук.

Промени во животната средина[уреди | уреди извор]

  • 8000 п.н.е.Ледници ја обликуваат карпестата образба во денешен Њу Хемпшир, САД, порано наречена „Старец на планината“.
  • ~ 7911 п.н.е. — Низа од седум огромни вулкански ерупции го затемнуваат небото и ги снижуваат температурите во траење од неколку векови (сè до 7090 п.н.е.).
  • ~ 7220 п.н.е. — Избива вулканот Еџкамб во Алјаска.
  • Големо преливање на слатка вода од Црното во Егејското Море.

Пронајдоци, откритија, воведувања[уреди | уреди извор]

  • Појавување на земјоделството.
  • Во југозападен Иран се пронајдени наострени орудија што датираат од 8000 п.н.е. Изработени се од опсидијан донесен од Анадолија.[2]
  • Во Јужна Америка се одгледува компир и зрнести култури
  • Почнува одгледувањето на просо[3] and ориз cultivation in источна Азија
  • Припитомување на мачката и волот во Египет
  • Припитомување на овцата во југозападна Азија
  • Колиби, огништа, амбари и непреносливи камени орудија за мелење на жито во Африка
  • Чатал Хејук: мажите носат кожуви и качулки од животни Азија
  • Куќи, печки, грнчарија, тиркизни резби, орудија од камен и коска, коскени шупелки Кина
  • Изработка на скулптури од калапена глина и гипс во Ерихон и Ајн Газал Средоземје
  • Најрани наоди на засечени „бројаници“ (пред 9.000 г.) во Плодната полумесечина. Азија
  • Грнчарите во почнуваат да ги украсуваат садовите за готвење во Јапонија
  • Просто грнчарство во Кореја со белези од јажиња и други украсни втиснувања
  • Наодите на употреба на пченица, јачмен, овци, кози и свињи укажуваат на усвојување на хранопроизводното стопанство во критско-микенска Грција
  • Во Франхти се вршат првите погреби во Грција.
  • Северно Море: Тлото е речиси сосем суво пред овој период. Англија
  • Грнчарство, изградба на погребни тумби и градинарство Мексико
  • Во долината на Мексико се одгледуваат лути пиперки и „жито“ (штир и пченка).
  • Свет: помеѓу 12.00 п.н.е. и 5000 п.н.е. големи поплави во во неколку континентални делови од светот, што потоа предизвикало накачување на морското ниво

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. просек од различни бројки, според проценките на светското население во минатото на Пописната служба на САД
  2. Roberts, J: "History of the World.". Penguin, 1994.
  3. Lu H, Zhang J, Liu KB, Wu N, Li Y, Zhou K, Ye M, Zhang T, Zhang H, Yang X, Shen L, Xu D, Li Q. (2009). Прво припитомување на обичното просо (Panicum miliaceum) во источна Азија, датира од пред 10.000 години. Proc Natl Acad Sci U S A. 106: 7367–7372 PubMed (англиски)