Бускеруд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на округот Бускеруд
Местоположбата на округот во Норвешка

Бускеруд (норвешки: Buskerud) — поранешен округ во средишниот дел на Норвешка. Администратиевн центар бил Драмен. Бројот на населението во Бускеруд според пописот од 2007 година изнесувал 251.295, а површината 14.910 км2.

Грбот потекнувал од 1966 година и на него се наоѓа сина мечка, која го означува добивањето на синиот пигмент од кобалтот (вакво производство некогаш постоело во малиот град Модум). Сивата позадина ги означува рудниците за сребро во Конгсберг.