Штир
Амарант | |
---|---|
![]() | |
A. tricolor | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Angiosperms |
Нерангирано: | Eudicots |
Нерангирано: | Core eudicots |
Ред: | Caryophyllales |
Семејство: | Amaranthaceae |
Потсемејство: | Amaranthoideae |
Род: | Амарант L. |
Species | |
See text |
Амарант, низ Македонија познат како стратор или украсен штир[1] — древна житна култура, се јадат сите нејзини делови, а денес се одгледува и како украсно растение.
Опис[уреди | уреди извор]
Денес се разликуваат 65 вида на амарант. Многу луѓе ова растение го знаат како штир. Во антиката го нарекувале "златното жито на Бога". Древните руси живееле до длабока старост и во добра здравствена состојба благодарение на амарантот. Денес е отворен документ, според кој Петар Први и забранил на Русите да одгледуваат амарант и да употребуваат арамантов леб, кој бил главна храна на народот. Морфолошките анализи на зборот амарант значат: Мара - е божица на смртта кај древните руси и арии; префиксотзначи негација - пример морален и а-морален. Па зборот амарант значи „ја негира смртта“, односно дава бесмртност. Воините носеле амарант со себе за време на тешките походи, бидејќи тој им давал сила, ги зајакнувал телата и нивниот дух; го користеле семето и листовите на растението. Амарантот е едногодишно растение од семејството амарантови, високо 20-80 см, со издолжени елипсести листови кои се жолтеникави или сивкасто со зелени нијанси, но можат да бидат и црвеникави. Тоа цвета од почетокот на јуни до крајот на есента. Амарантот е пренесен во Европа од Северна Америка во трговските канали. Денес тој е распространет во европскиот дел на поранешниот Советски Сојуз, го има во Западен и Источен Сибир, Кавказ и Средна Азија. Во Античка Индија со амарант ја лекувале кралската аристократија и го нарекувале "Рамазан", што значи "надарен од Бога".
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Amaranthaceae | plant family“. Посетено на 2015-06-02.