Плодна Полумесечина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта на областа Плодна Полумесечина

Плодна Полумесечина — подрачје во Југозападна Азија и најисточниот дел на Северна Африка, кое ги опфаќа долините на четирите големи реки Нил, Јордан, Тигар и Еуфрат, каде што историски се развиле земјоделството и раните (првите) човечки цивилизации, поради што е познато и како лулка на цивилизациите. Поточно, областа наречена Плодна Полумесечина ги опфаќа регионите на Левант на источниот брег на Средоземното Море на исток, Месопотамија со теченијата на Тигар и Еуфрат до Персискиот Залив на запад и долното течение на Нил со Горен и Долен Египет на југ и југоисток, при што на југ е ограничен од Сириската Пустина, а на север е ограничен масивите на планинските венци на Таур и Арарат при што зафаќа облик на полумесечина и површина помеѓу 400.000 и 500.000 км2.

Називот Плодна Полумесечина за ова подрачје е воведен од американскиот археолог Џејмс Хенри Брестед од Универзитетот во Чикаго поттикнат од фактот дека станува збор плодна територија чија облик наликува на полумесечина[1]. Ова е подрачје и на првите човекови цивилизации на Сумер, Акад и Древен Египет, каде се смислени и пронајдени првите човекови изуми како развојот на писменоста, пронајдоците на тркалото, стаклото, а поради самата плодност се развиени и земјоделството и наводнувањето.

Современите држави со значајна територија во рамките на Плодната полумесечина се Ирак, Сирија, Либан, Кипар, Јордан, Израел, Палестина, Египет, како и југоисточниот дел на Турција и западните делови на Иран. Терминот исто така се користи во меѓународните геополитика и дипломатски односи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Abt, Jeffrey (2011). American Egyptologist: the life of James Henry Breasted and the creation of his Oriental Institute. Chicago: University of Chicago Press. стр. 193–194, 436. ISBN 978-0-226-0011-04. https://books.google.com/books?id=YEc0bc93LwYC.