Сириска Пустина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сириска Пустина
بادية الشام
Бедијат ел-Шам
Пустина
Топографска мапа на Сириската Пустина
Земја Сирија
Ирак
Јордан

Сириската Пустина (арапски: بادية الشام, Bādiyat ал-Shām), исто така позната и како Сириска степа, Јорданска степа, или Бадија[1] е регионот на пустината, полупустината и степата која опфаќа 500,000 квадратни километри (200,000 квадратни милји) на Блискиот Исток, вклучувајќи делови од југоисточна Сирија, североисточен Јордан, северниот дел на Саудиска Арабија, и западен Ирак. Опфаќа околу 85% од површината на Јордан[2] и 55% од Сирија.[3] На југ се граничи и се спојува со Арабиската Пустината.[4]

Локација и назив[уреди | уреди извор]

Пустината на запад се граничи со долината Оронт и со вулканската област Харат ал-Шамах, а на исток со Еуфрат. На север, пустината има поплодни области со трева а на југ навлегува во пустините на јужниот дел на Арабискиот Полуостров.[5]

Некои извори ја изедначуваат Сириската Пустина со "Хамад Пустината",[6] додека други називот Хамад го ограничуваат на јужниот дел на централната висорамнина,[7] а неколку сметаат дека Хамад е целиот регион а Сириската Пустина само северниот дел.[8]

Неколку делови од Сириската Пустина се сметаат за посебни, како Палмирската пустина околу Палмира и пустината Хомс. На источниот дел на Сириската Пустина, оној во рамките на границите на Ирак, можат да бидат наведени (во ирачки контекст) како Западна Пустина.[9][10]Називот Шамија исто така се користи за Сириската Пустина.[11] Името во минатото било преведено и како Бадијат ал-Шам (или Бадијат аш-Шам)Грешка во наводот: Отворачката ознака <ref> не е добро срочена или има погрешно име.

Географија[уреди | уреди извор]

Приказ на Сириската Пустина.

700 до 900 метри високиот регионот во средината на пустината е висорамнината Хамад, прилично рамна, камена полупустина која се состои од варовник прекриен со чакал. Највисоките врвови на висорамнината се оние над 1000 метри: Хавр ум Вуал во Саудиска Арабија, и 960 м високиот Џебел Анејза, на тромеѓето помеѓу Јордан, Ирак и Саудиска Арабија.[12]

Заедно со другите пустините на Арапскиот Полуостров, пустината Хамад е опишана како една од најсувите пустини на светот.[13]

Див свет[уреди | уреди извор]

Некои од растенијата во Сириската Бадија се Salsola vermiculata, Stipa barbata, Artemisia herba-alba и Atriplex leucoclada.[1] Овој пустински екосистем е под закана од суша, претераното пасење, ловот и другите човекови активности. Некои локални животни не живеат на оваа областа и многу растителни видови угинале, и на нивно место никнале треви со пониска хранлива вредност за добитокот.[14]

Од Сириската Пустина потекнува златниот хрчак.[15] Штркови, чапји, жерави, патки, како и раптори исто така се посетители на сезонските езера. Чести се и малите глодари, како и нивните предатори како змии, скорпии и пајаци. Претходно вообичаени животни тука биле газелата, волкот, чакалот, лисицата, мачката и каракалот, исто така, нојот, леопардот, антилопата и дивото магаре. Големи цицачи повеќе не можат да се најдат, и се смета дека тоа се должи на неконтролиран лов од страна на човекот.

Историја[уреди | уреди извор]

Древна[уреди | уреди извор]

Палмира бил важен трговски центар се наоѓа во Сириската пустина

Пустината историски била населена со бедуински племиња, а многу од племињата уште живеат во регионот, главно во градовите и населените места изградени во близина на оазите. Некои од Бедуините сé уште го одржуваат нивниот традиционален начин на живот во пустината. Сафаитички натписи, староарапски текстови напишани од страна на писмените Бедуини, се наоѓаат низ Сириската Пустина. Овие датираат приближно од првиот век п.н.е до четвртиот век.

Една од најважните антички населби во Сириската пустина е Палмира. Првпат споменат во вториот милениум п.н.е, градот бил важен трговски центар во Римско време а неговите луѓе биле познати трговци, кои ја искористи предноста на својата стратешка позиција на патот на свилата кој ги поврзува Далечниот исток и Медитеранот, оданочувајќи го преминот на караваните, формирајќи колонии на патот на свилата, и тргувајќи со ретки стоки од Далечниот исток, што донесувало огромно богатство на нивниот град. Градските луѓе биле комбинација на Арамејци, Аморити и Арапи.

Друг важен антички град е Дура-Еуропос на Еуфрат. Првично тврдина,[16] , бил основан од страна на Селевкидската Империја со името Дура, што значи "Тврдина",[17] но бил наречен Еуропос од страна на Грците,[18]. Комбинацијата Дура-Еуропос потекнува од поново време изум. Градот просперирал, главно заради неговата локација на Еуфрат, значајно поврзувајќи ја Месопотамија и Медитеранот, па така играл огромна улога како во комерцијалните така и воените врски помеѓу двата региони. Тој бил разрушен од страна на Сасанидскиот император Шапур I во 250 година.

Модерна[уреди | уреди извор]

Бедуини во Сириската пустина

Пустината за првпат била помината со моторно возило во 1919 година.[19] Во текот на Ирачката Војна, пустината служела како главна снабдувачка линија за ирачкиот отпор. Ирачкиот дел на пустината било основно упориште на сунитскиот отпор, особено кога Коалицијата го заземала Фалиџа за време на Втората битка за Фалуџа. Серијата на коалициските воени операции била релативно неефикасна во отстранување на присуството на отпорот во пустината. Како отпорот почнал да се здобива со контрола на околните места, портпаролот на коалицијата ја истакнал важноста на Сириската пустина, како центар на операциите. Сириската Пустина останала една од основните правци за криумчарење опрема, поради нејзината локација, во близина на сириската граница. Од септември 2006 година отпорот добил контрола на речиси цел Анбар и поголемиот дел од своите сили, опрема и лидери ги преселил понатаму на исток кон контролираните градови на отпорот во близина на реката Еуфрат.[20]

Економија и земјоделство[уреди | уреди извор]

Со слаби врнежи од дожд и слаб квалитет на почви, денес регионот пред се се користи за добиток. Бедуините, од кои многумина уште се номадски, одгледуваат околу дванаесет милиони овци и кози тука, како и помал број на камили.[21]

Меѓународниот Фонд за Рурален Развој има за цел да ја ублажи руралната сиромаштија а во 1995 година, во соработка со Сириската влада, започнал проектот за рехабилитација на над милион хектари деградирани површини во Сириската Бадија. Во некои области, кога пасењето било ограничено, спонтано се вратиле многу од автохтоните растенија. Во други области, кои биле посилно деградирани, пасиштата имале ограничувања и биле наново садени со сточни видови храна. Кога проектот завршил во 2010 година, речиси една четвртина од еден милион хектари биле обновени и речиси сто илјади хектари биле засадени со автохтона сточна храна.

Види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 M., Suttie, J.; G., Reynolds, Stephen; Caterina., Batello,; Nations., Food and Agriculture Organization of the United (2005). Grasslands of the world. Rome: Food and Agricultural Organization of the United Nations. ISBN 9251053375. OCLC 61697614. https://www.worldcat.org/oclc/61697614. 
  2. "Jordan Badia | The Hashemite Fund for Development of jordan Badia". www.badiafund.gov.jo.
  3. "The rangelands of the Syrian Arab Republic". FAO.
  4. 1937-, Harris, Nathaniel, (2003), Atlas of the world's deserts, Fitzroy Dearborn, ISBN 1579583105, OCLC 52459890, конс. 2018-10-25 
  5. Betts, Alison (1996). The Harra and the Hamad : excavations and surveys in Eastern Jordan, vol. 1.. England: Collis Publication. стр. 1. ISBN 9781850756149. https://books.google.co.uk/books?id=VvKfQAST33YC. посет. 2 февруари 2017 г. 
  6. The International Whitaker, Volume 2. International Whitaker. 1913. стр. 62. https://books.google.co.uk/books?id=ZrJPAAAAMAAJ&dq=hamad. посет. 3 февруари 2017 г. 
  7. "Syrian Desert". Britannica.com. 1999
  8. The International Whitaker, Volume 2. International Whitaker. 1913. p. 62.
  9. Mudīrīyat al-Āthār al-Qadīmah al-ʻĀmmah (1964). "Sumer". 20. Directorate General of Antiquities.: 10. The western desert of Iraq forms the eastern half of the Badiyat ash-Sham (The Syrian Desert)
  10. Studies, Johns Hopkins University School of Advanced International (1956). Area Handbook on Iraq. Pr. by Human Relations Area Files. p. 34. The Western Desert. The western reaches of Iraq form part of the "Badiyat al-Sham" or "al-Shamiya", the Syrian Desert.
  11. Mudīrīyat al-Āthār al-Qadīmah al-ʻĀmmah (1964 г) (на en). Sumer. 20. Directorate General of Antiquities.. стр. 10. https://books.google.co.uk/books?id=LkdRAQAAMAAJ. „The western desert of Iraq forms the eastern half of the Badiyat ash-Sham (The Syrian Desert)“. 
  12. „Jebel ‘Aneiza, Saudi Arabia“. конс. 2 February 2017. 
  13. „Transboundary Aquifers, Challenges and New Directions“ (PDF). Paris: UNESCO. December 2010. стр. 4. конс. 2 February 2017. 
  14. GEF Country Portfolio Evaluation: Syria (1994–2008). GEF Evaluation Office. стр. 17. ISBN 978-1-933992-24-2. https://books.google.com/books?id=BdIsm-GYtTAC&pg=PA17. 
  15. McPherson, Charles W. (1987). Laboratory hamsters. Orlando: Academic Press. стр. 216. ISBN 9780127141657. https://books.google.com/books?id=PKxPVW25SUYC. посет. 2 февруари 2017 г. 
  16. 1902-1972., Harris, Christina Phelps,. The Syrian desert : caravans, travel and exploration. London. ISBN 9781136192715. OCLC 858282380. https://www.worldcat.org/oclc/858282380. 
  17. Lucinda., Dirven, (1999). The Palmyrenes of Dura-Europos : a study of religious interaction in Roman Syria. Boston: Brill. ISBN 9004115897. OCLC 42296260. https://www.worldcat.org/oclc/42296260. 
  18. Lucinda., Dirven, (1999). The Palmyrenes of Dura-Europos : a study of religious interaction in Roman Syria. Boston: Brill. ISBN 9004115897. OCLC 42296260. https://www.worldcat.org/oclc/42296260. 
  19. 1902-1972., Harris, Christina Phelps,. The Syrian desert : caravans, travel and exploration. London. ISBN 9781136192715. OCLC 858282380. https://www.worldcat.org/oclc/858282380. 
  20. http://www.freemarketnews.com/WorldNews.asp?nid=[мртва врска]
  21. „The grass is greener: rehabilitating the Syrian Badia“. Rural Poverty Portal. IFAD. конс. 26 December 2015.