Прејди на содржината

678 п.н.е.

Од Википедија — слободната енциклопедија
< 8 век п.н.е. 7 век п.н.е. 6 век п.н.е. >
100 99 98 97 96 95 94 93 92 91
90 89 88 87 86 85 84 83 82 81
80 79 78 77 76 75 74 73 72 71
70 69 68 67 66 65 64 63 62 61
60 59 58 57 56 55 54 53 52 51
50 49 48 47 46 45 44 43 42 41
40 39 38 37 36 35 34 33 32 31
30 29 28 27 26 25 24 23 22 21
20 19 18 17 16 15 14 13 12 11
10 9 8 7 6 5 4 3 2 1

678 п.н.е.година според општоприфатениот календар. Тоа била 678. година пред нашата ера, 678. од првиот милениум п.н.е., 78. од 7 век п.н.е. и деветта од 670-тите п.н.е.

Други календари

[уреди | уреди извор]

Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 4830 и 4831 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во градот Асур, станува збор за 4072 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3082 и 3083 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 75.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 678 година се протега во 1958 и 1959, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2018 и 2019 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, па така годината е 135 пред Буда да ја достигне блажената состојба. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1339 и 1338 исламска година пред хиџра.

Македонија

[уреди | уреди извор]
  • Цар на Асирија бил Асархадон (681/0-669 г. п.н.е.).[1]
  • Шамаш-ибни, од племето Бет-Даккури, ја зазел плодната земјоделска површина околу Вавилон. Поради тоа била испратена асирска војска која го заробила и го погубила него и неговите помагачи.[2]
  • Фараон на Египет бил Тахарка (690-664 г. п.н.е.).[4] Тој веројатно станал политички поактивен во однос на Левант, искористувајќи ја ангажираноста на асирскиот цар Асархадон околу Вавилон.[5]

Починале

[уреди | уреди извор]
  • Пердика I — крал на Македонија кој владеел 700 - 678 г. п.н.е.[6] Тој бил легендарниот основоположник на династијата Аргеади на македонските владетели. Пердика е познат како првиот крал кој ги обединил најголемиот дел од македонските племиња.
  • Џин Хоу Мин (традиционален кинески: 晉侯 緡; пинјин: Jìn Hóu Min) бил последниот, седумнаесетти владетел на царството Џин од ерата Чункиу. Владел 27 години (704 – 678 г. п.н.е.).
  • Војводата Чин Ву Гун (традиционален кинески: 秦武公; пинјин: Qín Wǔ Gōng) починал 678 г. п.н.е. Тој бил десеттиот владетел на државата Чин од династијата Џо. Бил погребан во Пинјан во областа Јун, а во гробот со него, за првпат, биле погребани и луѓе (66 луѓе).
  1. The Cambridge Ancient History Volume III, Part 02 ,The Assyrian and Babylonian Empires and other States of the Near East, from the Eighth to the Sixth Centuries B.C. Cambridge University Press. 1991. стр. 119.
  2. The Cambridge Ancient History Volume III, Part 02 ,The Assyrian and Babylonian Empires and other States of the Near East, from the Eighth to the Sixth Centuries B.C. Cambridge University Press. 1991. стр. 133.
  3. The Cambridge Ancient History Volume III, Part 02 ,The Assyrian and Babylonian Empires and other States of the Near East, from the Eighth to the Sixth Centuries B.C. Cambridge University Press. 1991. стр. 748.
  4. The Cambridge Ancient History Volume III, Part 3, The Expansion of the Greek World, Eighth to Sixth Centuries BC, 2nd edition. Cambridge University Press. 1982. стр. 464.
  5. Morkot, Robert G. (2010). The A to Z of Ancient Egyptian Warfare. Scarecrow Press. стр. 26.
  6. Herodotus (1987). The History, translated by David Gren. University of Chicago Press. стр. 137–139. ISBN 0-226-32770-1.