Централен часовен појас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
  Централен часовен појас (пред 2015 г.)
(Кинтана Ро денес е во источниот појас)

Централниот часовен појас е шест часа назад од UTC во стандардното време (UTC-6) и пет часа во летното време (UTC-5). Времето за овој појас се добива од средното сончево време од меридијанот 90° западно од Гриничката опсерваторија.

Во САД и Канада, овој часовен појас обично се нарекува „централно време“ (Central Time, CT). Поточно, во однос на стандардното време (преку зима) е Централно стандардно време (Central Standard Time, CST), а преку лето е „централно летно време“ (Central Daylight Time, CDT).

Појасот е еден час пред планинскиот појас и еден час зад источниoт часовен појас.

Сè до 2015 г. во појасот влегувала и мексиканската сојузната држава Кинтана Ро, која денес е преместена во источниот појас.

Канада[уреди | уреди извор]

Канадски покраини целосно во централниот појас се:

Канадски покраини што се делумно во централниот појас, а делумно во друга, се:

  •  Нунавут (источен), најголемиот дел од регионот Кивалик и дел од Кикикталук
  •  Онтарио (источен), северозападен дел
  •  Саскачеван (планински), речиси целосно во средишниот дел

САД[уреди | уреди извор]

Држави од САД целосно во централниот појас се:

Држави од САД делумно во централниот појас, а делумно во друг, се:

Наводи[уреди | уреди извор]