Школа за инженерство (Браунов универзитет)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Школата за инженерство при Брауновиот универзитет е академска единица на универзитетот, кој е сместен во Провиденс, Род Ајленд, САД. Таа нуди додипломски и постдипломски програми во областа на инженерството и сродните науки. Иако додипломците службено имаат време до крајот на втората година од студиите да пријават програма на студирање, тие кои планираат да студираат некој од инженерските смерови типично почнуваат со земање предмети во тој правец уште во нивниот прв семестар.

Историјат[уреди | уреди извор]

Брауновиот унивезитет ја има најстарата програма за инженерство во Бршленовата лига и го понудил првиот предмет специфично по инженерски науки во 1847 год.[1] Овој предмет бил дел од стручен инженерски смер, „Англиски јазик и Наука.“ Овој смер траел една до две години на студирање и вклучувал предмети по механика, геометрија, мапирање, навигација, мерења на висини и растојанија, хемија и тригонометрија. Во 1850 година, наставната програма за градежно инженерство била воведена како интензивен смер со времетраење од една и пол година.

Кон крајот на 19тиот век, наставните лаборатории за инженерските смерови биле сместени во Универзитетската палата, салата „Сејелс“ и палатата „Вилсон.“ Инженерскиот оддел е потоа преселен на нова локација над топланата во задниот дел на Хемиската лабораторија (преименувана во палата „Роџерс“ во 1900 год. и потоа во Центар за настава „Саломон“ во 1989 год.) Во 1903 година, инженерскиот отсек добива своја зграда покрај паркот „Линколн.“

Постојната програма е основана во 1916 година преку интеграција на одделите за градежно, машинско и електроинженерство. Академската единица има статус на дивизија при универзитетот до 2010 година, кога ректоратот ѝ го покачува статусот на ниво на школа. Во тоа време, Школата за инженерство е единствената академска единица со додипломски студии која има таков статус.[2] Во 2011 година, деканот Лоренс Ларсон е избран за прв декан на Школата.[3]

Директори и декани за инженерство[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „History and Facts | School of Engineering“. www.brown.edu. конс. 2019-07-16. 
  2. May 28; Lewis 401-863-2476, 2010 Media contact: Richard. „Brown University Establishes School of Engineering“. news.brown.edu. конс. 2019-07-16. 
  3. March 3; Lewis 401-863-2476, 2011 Media contact: Richard. „Larson named inaugural dean for School of Engineering“. news.brown.edu. конс. 2019-07-16.