Прејди на содржината

Ричард Добинс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фотографија од Ричард Добинс

Ричард (Дик) Ендру Добинс (англиски: Richard (Dick) Andrew Dobbins, 15. јули 1925 година во Берлингтон, Масачусетс, САД - 8. мај 2015 година) беше американски инженер и физичар.[1] Неговите придонеси кон истражувањето на аеросоли се меѓународно наградувани, а особено важна е неговата истражувачка дејност за создавањето на саѓа при согорување. Овие трудови поставуваат темели на науката за животната средина и климатските промени.

Добинс беше син на земјоделци-доселеници од Ирска.[2] Тој служи во американската морнарица за време на Втората светска војна. По крајот на војната, тој ги завршува своите додипломски студии на Харвардовиот универзитет на програмата за инженерство и физика. Подоцна, Добинс магистрира на универзитетот „Нортистерн“ со насока во физика во 1958 година и докторира на Принстонскиот универзитет во областа на аеронаутичкото инженерство во 1961 година. Неговата целосна кариера на Брауновиот универзитет каде предава во областа на механиката на флуиди и термодинамиката до 1993 година. Добинс активно работи на истражувачка дејност до 2011 година. Во текот на својата кариера тој ја вршел и улогата на директор на Дивизијата за инженерство. Истражувачката дејност го носи Добинс да учествува на бројни размени на знаење, вклучувајќи ги и тие на Калифорнискиот технолошки институт, Абаданскиот институт во Иран и поранешното Национално биро за стандарди на САД.[1]

Професорот Добинс е добитник на бројни награди и признанија, вклучувајќи ја наградата „Дејвид Синклер“ за достигнувања во истражувањето на аеросолите.[3] Тој беше член на почесните друштва Тау Бета Пи[4] и Сигма Хи[5], како и на Институтот за согорување[6], Американското физичко друштво, Американското друштво на машински инженери итн.

Во 1953 година, Добинс се ожени со Јона М. Блејк со која подоцна имаа две ќерки.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Richard A. Dobbins *61“. Princeton Alumni Weekly (англиски). 2017-09-20. Посетено на 2020-04-25.
  2. „Richard Dobbins Obituary“. 26 јули 2015. Посетено на 24 април 2020.
  3. „David Sinclair Award“. The American Association for Aerosol Research. Посетено на 2020-04-25.
  4. „Resolution of Appreciation“. www.tbp.org. Посетено на 2020-04-25.
  5. „Member Directory“. www.sigmaxi.org. Посетено на 2020-04-25.
  6. „The Combustion Institute | Promoting and disseminating combustion science research“ (англиски). Посетено на 2020-04-25.