Доктор на науки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Доктор на науки (според македонскиот правопис кратенката е: д-р; латински  Philosophiae doctor или Doctor philosophiae) е највисок академски степен кој се доделува од страна на универзитетите во повеќето земји во светот. Во однос на латинскиот термин од кој потекнува ова звање треба да кажеме дека зборот филозофија во звањето не се однесува на академската дисциплина филозофија, туку се употребува поширок смисол на зборот кој е поблизок кон оригиналното негово значење односно како љубов кон мудроста.

Звењето доктори на науки се доделуваат во поголем број на академски полиња. Ова академско звање се добива како резултат на направено/направени истражувања во определена научна област. Кандидатие за ова звање, обично, не е потребно само да демонстрираат експертиза во дадената област. Од кандидатите најчесто се бара, преку оригинални истражувања, да дадат нов оригинален научен придонес во соодветната научна. Стекнувањето на звањето доктор на науки најчесто е услов за вработување како универзитетски професор, истражувач или научник во голем број области.

Поединците кои го имаат стекнато звањето доктор на науки степен и да е, во многу земји во светот го користат звањето Доктор,а во некои земји се користи накоја од варијантите на доктор по филозофија заедно со нивното име.

Стекнување на звањето[уреди | уреди извор]

Во поголем број на земји во светот кандидатот за доктор на науки мора да поднесе пријава за темата на која треба да работи. Темата треба да биде одобрена од комисија сочинета од експерти од соодветната област одобрена од универзитетот. Доколку темата на кандидатот е прифатена тогаш се започнува со работа. Резултатите добиени од повеќегодишна работа на темата мора дабидат или публикувани или да бидат спремни за публикување во меународно научно списание во кое тие треба да бидат рецензирани од експерти од соодветната област кои се анонимни.

Самата одбрана на изработената докторска дисертација најчесто се одвива кај пред комисија од експерти која, обично, е одобрена од универзитетот. Обично станува збор за формален чин кои се изведува пред публика. Самиот чин на одбраната е помалку формален и се сведува испит на кој пред комисија кандидатот ја брани темата на на која го истражувал.

Форманлно обраќање[уреди | уреди извор]

При формално обраќање кон докторите на науки во академската заедница правилно е да се употребуваат формите: д-р Презиме или професор Презиме. Во секојдневниот живот, надвор од академската средина, доколку е познао академското звање како формален начин на обраќање би требало да се употребува д-р Презиме.[1][2][3]

Литература[уреди | уреди извор]