Алан Ниделмен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Алан Ниделмен (англиски: Alan Needleman, р. 2. септември 1944 год. во Филаделфија, Пенсилванија, САД) е американски научник и професор по наука на материјали и инженерство на Тексашкиот универзитет „А и М“.[1] До 2009 година, Ниделмен беше универзитетски професор „Флоренс Пирс Грант“ по механика на цврсти тела и структури на Брауновиот универзитет во Провиденс, Род Ајленд, САД. Тој има дипломирано на Пенсилванискиот универзитет во 1966 година, а магистратурата и докторатот ги изработува на Харвардовиот универзитет во 1967 и 1970 година. За време на постдипломските студии, негов ментор е професорот Џон В. Хатчинсон. Ниделмен беше инструктор и доцент по применета математика на Масачусетскиот институт за технологија меѓу 1970 и 1975 година. Потоа постана професор на Брауновиот универзитет, каде ја извршуваше и функцијата декан на Дивизијата за инженерство меѓу 1988 и 1991 година. Тој исто беше и претседавач со Дивизијата за применета механика при Американското друштво на машински инженери.

Истражувачката дејност на Ниделмен се фокусира на компјутерско моделирање на процесите при изобличување и кршење на градежни материјали, особено метали. Главна цел е да се пронајадат квантитативни соодноси меѓу својствата кои може да се измерат од микроструктурата на материјалите и нивното макроскопско однесување.

Ниделмен е член на Националната академија за инженерство на САД,[2] Американската академија на уметностите и науките,[3] Американското друштво на машински инженери,[4] Американската академија за механика,[5] почесен член на МЕКАМАТ (Француска група за механика на материјали)[6] и член од странство на Данскиот центар за применета математика и механика.[7] Институтот за научни податоци го влистува како еден од најчесто цитираните автори во областите на инженерството и на науката на материјали.[8] Во 2006 година, Ниделмен го доби медалот „Вилијам Прагер“[9] и Друкеровиот медал.[10] Истата година беше прогласен и за почесен доктор на науки на Данскиот технолошки универзитет.[11] Во 2011 година, му беше доделен Тимошенковиот медал.[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Needleman, Alan“. engineering.tamu.edu (англиски). Посетено на 2020-04-19.
  2. „Dr. Alan Needleman“. NAE Website. Посетено на 2020-04-19.
  3. „Alan Needleman“. American Academy of Arts & Sciences (англиски). Посетено на 2020-04-19.
  4. „Fellows“. www.asme.org (англиски). Посетено на 2020-04-19.
  5. „Fellows | American Academy of Mechanics“ (англиски). Посетено на 2020-04-19.
  6. „Mecamat – Un lieu de rencontres & d'échanges pour la communauté scientifique“. www.mecamat.asso.fr. Посетено на 2020-04-19.
  7. „Foreign members of DCAMM - DCAMM“. http://www.dcamm.dk (англиски). Посетено на 2020-04-19. Надворешна врска во |work= (help)
  8. „Alan Needleman's Publons profile“. publons.com (англиски). Посетено на 2020-04-19.
  9. „SES Medalists | Society of Engineering Science Inc“. ses.egr.uh.edu. Посетено на 2020-04-19.
  10. „Daniel C. Drucker Medal“. www.asme.org (англиски). Посетено на 2020-04-19.
  11. „Honorary Doctorates - DTU“. https://www.dtu.dk (англиски). Посетено на 2020-04-19. Надворешна врска во |work= (help)
  12. „Timoshenko Medal“. www.asme.org (англиски). Посетено на 2020-04-19.