Клајд Брајант

Од Википедија — слободната енциклопедија

Клајд Леонард Брајант (англиски: Clyde Leonard Briant, р. 31. мај 1948 година во Тексаркана, Арканзас, САД) е американски металург.[1] Неговата кариера е посветена на истражување на металите и нивните својства, како и на распространувањето на нови технологии.[2]

Брајант има две дипломи: по хемија од Хендриксовиот колеџ во Конвеј, Арканзас и по наука на материјали од универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, Њујорк, САД. По дипломирањето, тој останува на „Колумбија“ каде ги добива и звањата магистер и доктор на науки.[3] Кратко работи како постдокторски научен соработник на Пенсилванискиот универзитет, а потоа се приклучува на Центарот за истражување и развој при Џенерал Електрик. Брајант има плодна кариера во Џенерал Електрик, каде добива бројни награди за неговите научни истражувања.[1] Во 1994 година, Брајант постанува професор на Брауновиот универзитет во Провиденс, Род Ајленд, САД. Во текот на својата универзитетска кариера, тој ги врши улогите на декан при Дивизијата за инженерство и проректор за истражувачка дејност на универзитетот.[4] Брајант сѐ уште активно предава, но неговиот научно внимание е свртено кон образованието за инженери и распространувањето на нови технологии.[5]

Брајант е уредник на неколку книги, а автор е на повеќе од 160 високо-цитирани научни труда.[3] Нему му се доделени бројни патенти.[3] Член е на Националната академија за инженерство на САД.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Clyde L. Briant | AIME“. www.aimehq.org. Посетено на 2020-04-28.
  2. „External Advisory Committee“. Посетено на 2020-04-27.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Clyde L. Briant CV“ (PDF). Посетено на 2020-04-27.
  4. Heft-Luthy, Sam (2013-01-31). „Vice President for Research to step down“. Brown Daily Herald (англиски). Посетено на 2020-04-28.
  5. „Briant, Clyde“. vivo.brown.edu. Посетено на 2020-04-28.
  6. „Professor Clyde L. Briant“. NAE Website. Посетено на 2020-04-28.