Даниел Друкер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Даниел Чарлс Друкер (англиски: Daniel Charles Drucker, 3. јуни 1918 година во Њујорк, Њујорк, САД - 1. септември 2001 година во Геинсвил, Флорида, САД) беше американски градежен и машински инженер.[1] Тој беше претседател на Американското друштво на машински инженери во 1973-1974 година[2] и претседател на Американската академија за механика во 1981-1982 година.

Друкер е познат по неговата теорија за пластично изобличување во областа на применетата механика. Неговите придонеси во полето на пластичноста го вклучуваат и концептот на материјална стабилност, кој е дефиниран преку Друкеровите постулати за стабилност и Друкер-Прагеровиот критериум за попуштање.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Dr. Daniel C. Drucker“. web.archive.org. 2016-10-26. Посетено на 2020-04-19.
  2. „ASME Community“. community.asme.org. Посетено на 2020-04-19.
  3. Друкер, Даниел (1951). „SOIL MECHANICS AND PLASTIC ANALYSIS OR LIMIT DESIGN“ (PDF). Quarterly of Applied Mechanics. 10: 157–165.