Прејди на содржината

Џозеф Лоферски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џозеф Џон Лоферски (англиски: Joseph John Loferski, 7. август 1925 во Хадсон, Пенсилванија, САД - 20. јануари 1997 во Провиденс, Род Ајленд, САД) беше американски физичар и професор по инженерство на Брауновиот универзитет. Весникот „Њујорк тајмс“ го има наречено „пионир во развојот на сончевите ќелии“.[1] Во текот на неговата долга и успешна кариера, Лоферски ги истражуваше фотоволтаичните ќелии и начинот на кои тие ја претвораат сончевата енергија во електрична струја. Тој има одржано бројни предавања и објавено многу трудови од тематиката на полуспроводниците како силициум и методите за подобрување на ефикасноста на фотоволтаичните ќелии. Трудовите на Лоферски и неговите колеги покажаа дека полуспроводничките направи може да произведат електрична струја која не загадува и е компетитивна на пазарот.

  1. Hilchey, Tim (1997-01-23). „Joseph J. Loferski, Pioneer in Development of Solar Cells, Dies at 71“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2020-04-14.