Постдипломски студии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Постдипломски студии е етапа од образовниот процес која следи по додипломските студии. Во склопот на постдипломските студии влегуваат студиите од втор и трет циклус, како и професионалните дообучувања, специјализациите и програми за сертификати, каде предуслов за упис е диплома. По завршувањето на студии од втор циклус обично се добива звањето магистер, а по завршувањето на студии од трет циклус - доктор. Постдипломските студии се вбројуваат како дел од високото образование.