Џон Марчант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Џон Хенри Марчант (англиски: John Henry Marchant) беше американски машински инженер и изумител. Тој беше професор по математика и машинско инженерство и служел во резервните сили на американската морнарица.[1]

Марчант дипломираше и докторираше на Корнеловиот универзитет.[2] Во текот на својата кариера предаваше на Морнарската академија на САД, универзитетот „Колумбија“,[3] Конектикатскиот универзитет[4] и Брауновиот универзитет.[5] На Брауновиот универзитет ја вршел и улогата на директор на Дивизијата за инженерство.[5] Пред да ја започне универзитетската кариера, работеше за инженерската компанија „Прат и Витни“ која произведува авионски мотори. Марчант се залагаше за поголеми вложувања во академските лаборатории и истражување.[6] Тој има повеќе патенти на неговото име.[7]

Марчант беше оженет со Дороти Винанс во 1937 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Cornell Alumni News Vol. 49, No. 04 (October 1, 1946)“ (англиски). 1946. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. Marchant, John Henry (1928). The change in the capacity of a condenser having a solid dielectric with pressure (англиски). [Ithaca, N.Y.]
  3. 3,0 3,1 „Stanford Login - Stale Request“. login.stanford.edu. Посетено на 2020-04-19.
  4. „Записник“. University of Connecticut. 20. септември 1939. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 19. април 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. 5,0 5,1 Brown University (1948). Brown alumni monthly. Providence, Brown University [etc.]
  6. House, United States Congress (1949). Hearings (англиски). U.S. Government Printing Office.
  7. Apparatus for grinding (англиски), 1953-01-16, Посетено на 2020-04-19