Пол Симондс

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пол Саутворт Симондс (англиски: Paul Southworth Symmonds, 1917 година во Манила, Филипини - 28. март 2005 година во Провиденс, Род Ајленд, САД) беше американски физичар и инженер.[1] Тој беше професор на Брауновиот универзитет каде ја вршеше и улогата на директор на Дивизијата за инженерство меѓу 1959 - 1962 година.

Симондс дипломираше на програмата за физика при Ренслеровиот политехнички институт во 1938 година, а потоа магистрираше и докторираше во областа на инженерството на Корнеловиот универзитет.[2] Кратко време работеше во Истражувачката лабораторија на морнарицата, а потоа постана професор на Брауновиот универзитет. Во текот на својата кариера тој учествуваше во многу меѓународни размени на знаење и предаваше на бројни универзитети: Кембричкиот универзитет, Свансијскиот универзитетски колеџ и Оксфордскиот унвиерзитет. Симондс беше експерт за пластичност и нелинеарна динамика.

Беше оженет со Илиса Симондс и имаше два сина.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Lexis Advance® - Sign In | LexisNexis“. signin.lexisnexis.com. Посетено на 2020-04-19.
  2. „Mail Room“. www.brownalumnimagazine.com (англиски). Посетено на 2020-04-19.