Харви Силвермен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Харви Фокс Силвермен (англиски: Harvey Fox Silverman, р. 1943 година во Хартфорд, Конектикат, САД) е американски инженер.[1] Тој е еден од пионерите во областа за обработка на дигитални сигнали во реално време и за обработка на говор. Моментално е професор по инженерство на Брауновиот универзитет.

Силвермен дипломира на колеџот „Тринити“, а потоа магистрира и докторира на Брауновиот универзитет. Десетина години работи во приватниот сектор како дел од персоналот на истражувачкиот центар „Томас Џ. Вотсон“ на Ај-Би-Ем во Њујорк, САД, за потоа да се врати на Брауновиот универзитет како професор. Основач и директор е на Лабораторијата за инженерски човечко-машински системи. Во текот на својата кариера, служел на многу одговорни позиции вклучувајќи декан на Дивизијата за инженерство, на надзорниот одбор на колеџот „Тринити“ и техничката комисија на ИЕЕЕ АССП.[2]

Во текот на својата кариера, професорот Силвермен објавил повеќе од 200 научни труда[3] и добитник е на бројни патенти.[4] Тој добил неколку награди вклучувајќи и Медал во чест на стогодишнината на ИЕЕЕ.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Interview with Professor Harvey F. Silverman“. EEWeb. December 02, 2016. Посетено на 2020-04-25. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Harvey F. Silverman, Ph.D. (`65)“. Engineering (англиски). Посетено на 2020-04-25.
  3. Yumpu.com. „CURRICULUM VITAE - Research - Brown University“. yumpu.com (англиски). Посетено на 2020-04-25.
  4. „Harvey F. Silverman Inventions, Patents and Patent Applications - Justia Patents Search“. patents.justia.com. Посетено на 2020-04-25.