Трговија со дрога

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Трговијата со дрога (наркотрговија) претставува глобален црн пазар кој опфаќа одгледување, производство, дистрибуција и продажба на супстанци кои се забранети со закон. Повеќето земји ја забрануваат трговијата на многу видови дроги освен доколку за тоа не се поседува лиценца. Според извештај на ОН, во 2003 година, глобалната трговија со дрога остварила 321,6 милијарди американски долари. Истата година, со БДП од 36 милијарди американски долари, трговија со дрога може да се процени на нешто помалку од 1 процент од вкупната светска трговија. Користењето на дрога е распространето низ целиот свет.

Историја[уреди]

Оваа трговија се појавила како резултат на законите кои ја забранувале дрогата. Во Првата опиумска војна, кинеските власти го забраниле опиумот, но Обединетото Кралство ја присилило земјата да им дозволи на британските трговци да го продаваат опиумот на населението. Во 19 век, пушењето на опиум станало вообичаено поради зголемениот увоз од страна на британските трговци. Тргувањето со опиумот било мошне профитабилно (како што е случајот со хероинот денеска). Како резултат на ваквата трговија, два милиони Кинези станале зависници од дрога. Британската Круна (со договорите од Нанкинг и Тианјин) зела огромни суми на пари од кинеската влада преку оваа трговија која ја нарекла "надомест на штета".

Мафиите ги имале насочиле своите активности кон коцкањето и кражбите се до 1920, кога организирале шверцување како одговор на забраната за дрога. Пример за спектакуларниот бунт на мафијата како резултат на Забраната е синдикатот на Ал Капоне кој владеел со Чикаго во 1920-те години. Официјалниот подем на трговијата со дрога започнал во 1954 година. Во 1979 година продажбата на дрога го достигнала својот врв.

Законски казни[уреди]

Во многу земји за шверцување на дрога се добива строга казна, вклучувајќи ја и смртната казна (на пример во Кина и Сингапур). Во 2010, две лица биле осудени на смрт во Малезија за незаконско внесување на 1 килограм канабис внатре во државата.

Во САД, федералниот закон наложува минимална затворска казна од 1 до 3 години за престапници кои ке бидат осудени за прв пат.

Трговијата со дрога е широко прифатена како најсериозен прекршок за разлика од останатите прекршоци поврзани со дрогата. Меѓутоа, казните често зависат од типот на дрога (и нејзината класификација во земјата во која се шверцува) и од тоа каде дрогата се продава и како се дистрибуира; на пример ако дрогата се продава или дистрибуира на малолетни лица, тогаш казните ке бидат поостри отколку да би станувала збор за други околности.

Влијанието на трговијата со дрога врз општествата[уреди]

Земјите во кои се произведува дрога се сметаат за најмногу погодени од светската трговија со дрога. Сепак, земјите во кои се внесува исто така се соочуваат со проблеми кои водат потекло од трговијата со дрога. На пример, Еквадор наводно примил 300.000 бегалци од Колумбија кои бегале од герилците, паравоени лица и „кралеви“ на дрогата, вели Линда Хелфрих. Додека некои побарале азил, други се сеуште во илегала, а дрогата која поминува од Колумбија низ Еквадор до другите делови на Јужна Америка создава економски и социјални проблеми.

Насилен криминал[уреди]

Во многу земји низ светот нелегалната трговија со дрога се смета дека е директно поврзана со насилен криминал како што е убиството; ова особено е изразено во земјите од третиот свет, но исто така претставува проблем и во многу развиени земји низ светот. На пример, во доцните 1990-ти во САД, Федералното биро за истрага направило пресметка дека 5% од убиствата се поврзани со дрогата. Меѓутоа, откако властите на САД и Мексико презедоле остри мерки во првата декада од 21-от век (како дел од поострото погранично обезбедување по нападите на 11 септември), насилството долж границата на Мексико нагло се зголемило, а мексиканската влада проценила дека 90% од убиствата се поврзани со дрогата.

Малолетниците и нелегалната трговија со дрога во САД[уреди]

Според Националното истражување на владата на САД од 2005 година за употребата на дрогата и здравјето (НИУДЗ), околу 800,000 адолесценти низ земјата на возраст од 12 до 17 години продавале нелегални дроги во период од дванаесет месеци пред истражувањето; од кои некои признале дека знаат или дека се поврзани со други дилери на дрога низ земјата. Во Истражувањето за ризично однесување на младите од 2005 година спроведено од американските Центри за превенција и контрола на болести (ЦПКБ) се вели дека на 25,4% од учениците низ земјата некој им продавал, нудел или давал нелегална дрога на школскиот имот. Според истражувањата на Центрите за превенција и контрола на болести, распространетоста на нудење, продавање или давање на нелегална дрога на школски имот се движи од 15,5% до 38,7% (медијана 26,1%) и од 20,3% до 40% (медијана 29,4%) според локалните истражувања. И покрај седумте милијарди долари кои се трошат годишно за апсење и покрај водењето на истраги во 2005 година за скоро 800,000 луѓе низ земјата за прекршоци заради марихуана (Извештаи за криминал на ФБИ), федералниот извештај „Надгледување на иднината“ известува дека околу 85% од гимназијалците сметаат дека до марихуаната 'лесно може да се дојде". Во суштина оваа цифра останала непроменета од 1975 година; во три декади на национални истражувања никогаш не паднала под 82,7%. Во 2009 година, Министерството за правда идентификувало повеќе од 200 градови во САД во кои мексикански картели одржувале мрежи за дистрибуција на дрога или снабдувале дистрибутери со дрога.

Трговија на одредени дроги[уреди]

Канабис[уреди]

Додека рекреативната употреба (а со тоа и дистрибуцијата) на канабис е нелегална во повеќето земји низ светот, тој е достапен е на рецепт на многу места, вклучувајќи и некои држави во САД и Канада. Употребата на канабис се дозволува во некои подрачја, особено во Холандија.

Алкохол[уреди]

Во некои области во светот, главно во и околу Арапскиот полуостров, трговијата со алкохол е забранета со закон. На пример, Пакистан ја забранува трговијата поради големиот процент на муслиманско население. Исто така, Саудиска Арабија забранува во своето кралство да се увезува алкохол. Чист алкохол е исто така забранет во многу земји, како и течности со висока концентрација на алкохол чија дозволена граница варира од земја до земја, и која најчесто се мери во проценти или густина на течноста се мери во волумен или маса.

Тутун[уреди]

Додека набавката и употребата на тутунот е законска во речиси сите држави, а високите даноци во некои земји како што е Обединетото Кралство довеле до создавање на широк пазар за нелегална трговија. За разлика од легалниот процес на дистрибуција, при нелегална трговија добро позната марка на цигари може да биде продадена за една третина од малопродажната цена поради отсуството на даноци. Во 2004 година била направена пресметка дека шверцување на еден камион кој содржи 48,000 кутии цигари во САД може да донесе профит од околу 2 милиони американски долари. Тутнот кој се тргува нелегално најчесто претставува профит од други криминални дела како што се кражби при транспорт.

Иако во повеќето меѓународни земји тутунот има легален статус, важен исклучок е Кралството Бутан каде што од декември 2004 година е нелегално да се продава тутун и оттогаш голема залиха на тутун е достапна на црниот пазар. Во 2006 година, тутунот и бетеловиот орев биле најчесто запленувани дроги во Бутан.

Хероин[уреди]

Хероинот бил шверцуван во САД и Европа од области како што е Златниот триаголник (Југоисточна Азија) и Авганистан кој моментално е најголем светски извозник на хероин. Во 2007 година 93% од опијатите на светскиот пазар потекнувале од Авганистан што довело до сума од околу 64 милијарди долари од кои една четвртина ја заработувале произведувачите на опиум, а остатокот службеници, бунтовници, воени водачи и шверцувачи на дрога.

Според Управата за сузбивање на дрога, цената на хероинот обично се вреднува 8 до 10 пати повеќе отколку кокаинот на американските улици, со што претставува високо профитабилна супстанца за дилерите и шверцерите. Во Европа, на пример, (освен во земјите на транзит: Португалија и Холандија) грам уличен хероин, околу 700-800 мг светло до темно кафеав прашок содржи 5 - 10% основа на хероин, чини од 30 до 70 евра со што реалната вредност на грам чист хероин изнесува помеѓу 300 и 2,000 евра. Хероинот е препорачлив за шверцување и дистрибуција отколку непреработениот опиум бидејќи носи повеќе пари и има поголема моќ.

Хероинот многу лесно се шверцува бидејќи мало четириаголно шишенце може да содржи стотици дози. Од 1930-те до раните 1970-ти години таканаречената Француска врска ја задоволувала побарувачката во САД. Наводно, за време на Виетнамската војна, „кралевите“ на дрогата како што е Ајк Аткинсон шверцувале стотици килограми хероин во САД во мртовечки сандаци со мртви американски војници. Оттогаш станало уште потешко да се внесува дрога во САД отколку порано, но тоа не ги спречило шверцерите да го донесат хероинот на тлото на САД. Чистотата на хероинот зависи од регионот; во САД североисточните градови го имаат најчистиот хероин (според неодамна објавен извештај на УСД; Камиден и Њуарк во Њу Џерси како и Филаделфија го имаат најчистиот првокласен хероин во САД).

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]