Ал Капоне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ал Капоне
Капоне во 1935
Al Capone Signature.svg
РоденАлфонс Габриел Капоне
17 јануари 1899
Бруклин, Њујорк, САД
Починалјануари 25, 1947(1947-01-25) (возр. 48)
Палм Ајланд, Флорида, САД
ОбвиненијаДаночна евазија
Казна11 годишна затворска казна во Алкатраз
ЗанимањеГангстер, нелегален транспорт на алкохол, криминалец, рекетар, шеф на Чикашката мафија
СопружникМае Капоне
ДецаАлберт Френсис Капоне

Алфонс Габриел „Ал“ Капоне (17 јануари 1899 - 25 јануари 1947) бил најпознатиот американски криминалец од добата на „сувиот закон“ во САД.[1] Тој бил водачот на Чикашката мафија, која оперирала во 20-тите години од минатиот век во Чикаго и се занимавала со незаконска трговија со алкохол, проституција и изнудување рекет.[2]

Капоне бил роден во Бруклин, сиромашна населба во Њујорк, како дете на италијански доселеници со неаполитанско потекло.[3] Од училиште бил избркан на 13 годишна возраст, по што се вклучил во локалните криминални банди.[4] Кога наполнил 20 години се преселил во Чикаго, каде заработувал шверцувајќи алкохол и покрај таквата забрана со закон. Покрај ова, поткупувал владини лица и се занимавал со организирана проституција.[5]

И покрај овие нелегални активности, Капоне станал видна јавна личност. Донирал парични средства во многубројни хуманитарни организации, со што го добил прекарот „современиот Робин Худ“. Неговиот јавен углед бил нарушен со аферата „Масакрот на Св. Валентин“ (1929), кога настанала вооружена престрелка помеѓу членови на неговиот клан и на фамилијата на ирецот Багз Моран. Во таа пресметка биле убиени седум членови на непријателската банда.

Во 1931 г. Капоне бил обвинет за даночна евазија и бил испратен во федералниот затвор, но бил ослободен во 1939.[6] Затворската казна ја издржувал во тогаш новоотворениот казнено-поправен дом Алкатраз. По ослободувањето, Капоне имал тешки физички и ментални нарушувања, кои дополнително се влошиле поради болеста невросифилис (кила на мозочното ткиво) која била во поодминат стадиум.[7] Починал на 25 јануари 1947, како последица на застој во срцевата работа, откако претходно претрпел мозочен удар...

Ал Капоне како тема во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Ал Капоне (прв дел)". Попара.мк. 2013 година. Посетено на 10-05-2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. "Кралот на подземјето: Ал Капоне". Факултети.мк. 28.08.2012. Посетено на 10-05-2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. "Биографија на Ал Капоне" (бугарски). Криминалист. 01.10.2005. Посетено на 10-05-2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. "5 интересни факти за Ал Капоне". Кафепауза.мк. 19 јануари, 2011. Посетено на 10-05-2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. "History Files - Al Capone" (англиски). Chicago Historical Society. 1999 година. Посетено на 10-05-2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. "Ал Капоне (втор дел)". Попара.мк. 2013 година. Посетено на 10-05-2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. "Фото: Погледнете во тајната викендица на Ал Капоне". Пулс 24. сабота, 06 април 2013. Посетено на 10-05-2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. YouTube, Riblja Corba-Al Kapone (посетена на 19.4.2017)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: