Автопатролери, Автооценувачи, Бирократи, Уредници, Администратори на посредникот, Патролери, Оценувачи, Администратори
881.346
уредувања
Нема опис на уредувањето |
с (→Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==) |
||
'''Јохан Тарчуловски''' ({{роден во|Љубанци}}, {{роден на|17|ноември|1974}}) е македонски бранител, поранешен инспектор за придружба во Службата за обезбедување на [[претседателот на Македонија]] [[Борис Трајковски]] и во [[војната во Македонија во 2001 година]], обвинет и осуден од обвинителството на [[Хашкиот трибунал]] за повреди на законите и обичаите на војувањето на [[12 август]] [[2001]] година во село [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]] (член 7/1 од Статутот на Трибуналот, за кривични дела наведени во член 3 – наредување, планирање, поттикнување, помагање или поддржување убиство, смислено уништување градови и села и сурово постапување).
==
Основното образование Јохан Тарчуловски го завршил во основното [[училиште]] „[[Петар Здравковски - Пенко]]“. Средното образование го продолжил во земјоделското средно училиште „[[Браќа Миладиновци]]“. По завршувањето на средното училиште во [[1993]] до [[1994]] година заминал на отслужување на воениот рок во касарната „Илинден“ во [[Скопје]]. Во младоста, тој бил познат како водач на „Комитите“, навивачката група на [[ФК Вардар|ФК „Вардар“]].<ref name="ReferenceA">Ирена Мулачка, „Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!“, ''Фокус'', број 1100, 4 ноември 2016, стр. 20-23.</ref> Во [[2004]] година се запишал на студии на Правниот Факултет на [[Универзитет ФОН|ФОН]].
Тарчуловски е член на [[ВМРО-ДПМНЕ]] и член на првиот иницијативен одбор за формирање на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. Во 1993 станал претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за [[општина Чаир]]. По победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во [[1998]] година стапил во обезбедувањето на премиерот [[Љубчо Георгиевски]]. Во [[1999]] година, на лично барање на претседателот [[Борис Трајковски]], станал негово лично обезбедување. На оваа функција се задржал до [[
Во [[2005]] година од страна на Хашкиот трибунал бил осуден на 12 години [[затвор]]. Според обвинението, полициската единица под команда на Јохан Тарчуловски влегла во селото [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]], утрото на [[12 август]], и застрелале и убиле шест невооружени етнички [[Албанци]], а десетмина од нив биле подложени на понатамошни тепања кај [[Полиција|полицискиот]] контролен пункт на влезот од селото и подоцна во полициската станица „[[Мирковци]]“ во [[Скопје]]. Како последица на ова, еден од нив починал. Освен тоа, припадниците на полициската единица намерно запалиле најмалку 14 куќи во селото,<ref
Тарчуловски бил екстрадиран во [[Хаг]] на [[16 март]] [[2005]] година. Обвинителниот акт во случајот „Љуботен“ бил поднесен на [[15 март]] [[2005]] година, а јавната расправа започнала на [[16 август]] [[2007]] година.<ref>''Обвинителен акт против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, 15 март 2005, изменет и дополнет на 2 ноември 2005 (http://un.org.icty)''</ref> На судењето, Тарчуловски бил осуден на затворска казна во тарење од 12 години, која подоцна му била намалена на осум години. Притоа, тој отслужил шест години во затворот во [[Шевенинген]], а останатите две години во градот Диц, [[Германија]]. На [[10 април]] [[2013]] година, Тарчуловски бил ослободен од затворот. Притоа, при неговото враќање дома, на аеродромот го пречекале премиерот [[Никола Груевски]], највисоките раководители на ВМРО-ДПМНЕ, неговото [[семејство]] и илјадници поддржувачи, а прославата продолжила на плоштадот во Скопје. Исто така, премиерот Груевски и претседателот [[Ѓорге Иванов]] му приредиле официјален пречек во своите кабинети, оддавајќи му почит за жртвата што ја поднесол за својата татковина.<ref
По враќањето во Македонија, Тарчуловски станал организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, тој дипломирал на Земјоделскиот факултет на [[Универзитет „Гоце Делчев“|Универзитетот „Гоце Делчев“]]. Според податоците од Централниот регистар, Тарчуловски е сопственик на [[Трговско друштво|трговското друштво]] „Мел-Ком транс“ [[Друштво со ограничена одговорност со едно лице|ДОЕЛ]], регистрирана со претежна дејност патен транспорт, а чиј управител е неговата сопруга Соња Тарчуловска. Фирмата била основана на [[21 јули]] [[2008]] година (додека Тарчуловски се наоѓал в затвор), а била регистрирана со почетен паричен влог од 10.000 [[Евро|евра]] и непаричен влог од 22.000 евра. Во [[2014]] година, фирмата остварила вкупен приход од 269.733 евра и вкупни расходи од 261.159 евра, додека во 2015 година, вкупните приходи изнесувале 343.729 евра, а вкупните расходи 336.192 евра.<ref
Тарчуловски е оженет со македонската фолк пејачка [[Соња Тарчуловска]] со која имаат две деца.
|
уредувања