Прејди на содржината

Случај Љуботен (2001)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Случај Љуботен (2001)
Министерот Љубе Бошкоски ги набљудува борбите од една куќа од Љуботен
МестоЉуботен,  Македонија
Датум12 август 2001
околу 6 саат наутро
ЦелАлбанци
Вид нападМасовно убиство
Мртвиок. 10
СторителиПаравоени единици под команда на Ј. Тарчуловски

Случај Љуботен (2001)воено злосторство кое се случило во текот на воениот конфликт во 2001 година. Во утрото на 11 август, ден после масакрот кај Карпалак, во скопското село Љуботен влегуваат македонските безбедносни сили, при што е извршен масакр врз десет, наводно албански цивили.[1]

Според обвинението, полициската единица под команда на Јохан Тарчуловски влегла во селото Љуботен утрото на 12 август и застрелале и убиле десет невооружени етнички Албанци а десетмина од нив биле подложени на понатамошни тепања кај полицискиот контролен пункт на влезот од селото и подоцна во полициската станица Мирковци во Скопје. Како последица на ова еден од нив починал. Освен тоа припадниците на полициската единица намерно запалиле најмалку 14 куќи во селото што причинило сериозна штета на тие куќи. Истиот ден околу 90 етнички Албански мажи кои бегале од селото биле подложени на сурово постапување од други припадници на полицијата кај полицискиот контролен пункт во близина на селото, и подоцна во неколку полициски станици во Скопје, во Основен суд Скопје 2 и Градската болница во Скопје.

Тарчуловски и Љубе Бошкоски биле екстрадирани во Хаг на 16 март 2005 година. Обвинителниот акт во случајот „Љуботен“ се покренала на 15 март 2005 година, а јавната расправа започнала на 16 август 2007 година.[2] Во истата година од страна на Хашкиот трибунал, Јохан бил осуден на 12 години затвор, додека на 10 јули 2008 Љубе Бошкоски е прогласен за невин од страна на Хашкиот трибунал за настаните во скопското село Љуботен во август 2001 и е ослободен. Го пречекуваат најважните македонски државници со големи почести[3]

Јохан Тарчуловски бил предвремено помилуван и пуштен од затворот во градот Диц во Германија на 10 април 2013 година. Во Македонија беше пречекан од илјадници луѓе на плоштадот во Скопје.

Случајот Љуботен беше единствениот предмет кое го процесуираше Меѓународниот суд за воените злосторства во Хаг. Отанатите четири - Мавровски работници, Липковска брана, Непроштено и водство на ОНА, Трибуналот ги врати во Македонија, за да се процесуираат и судски завршат во Македонија. Собранието на Република Македонија на 24 јули 2011 година, со 62 гласа “за”, го усвои автентичното толкување на законот за амнестија, со што ги затвори хашките случаи, а со тоа и масакрот кај Вејце.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Судењето на Бошкоски и на Тарчуловски ќе ја открие вистината за Љуботен[мртва врска]
  2. Обвинителен акт против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, 15 март 2005, изменет и дополнет на 2 ноември 2005 (http://un.org.icty)
  3. Љубе Бошкоски пречекан со еуфорија