Љуботен (полициска акција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полициска акција Љуботен - 2001 година
Дел од Воен конфликт во Македонија
Датум 10 - 12 август 2001
Место Љуботен, Македонија
Исход Разбивање на албанските терористички банди на ОНА со цивилни жртви
Завојувани страни
Македонија Македонија Ослободителна Народна Армија
Команданти и водачи
Љубе Бошкоски
Јохан Тарчуловски[1]
Џавит Асани
Назми Сулејмани[1]
Музафер Агуши
Сила
100 војници резервисти на АРМ[1] ~350 терористи[1]
Жртви и загуби
8 убиени резервисти при експлозија на нагазна мина[1] 10 убиени
150 повредени
73 приведени[1]

Љуботен е назив за полициска акција на македонските безбедносни сили за чистење на албанските терористи на 12 август 2001 година во скопското село Љуботен.

Сознанија[уреди | уреди извор]

Според сознанијата на Управата за безбедност и контраразузнавање, во текот на јули 2001 година, по извлекувањето на терористите од т.н. ОНА од село Арачиново во кумановско-липковскиот регион, терористичка група на чело со командантите Џавит Асани и Назми Сулејмани се префрлала на подрачјето на Скопска Црна Гора, каде презела подготвителни активности за продолжувањето на вооружените дејствија и изведување терористички акции спрема припадници и објекти на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Македонија.

Од страна на оваа терористичка група, селото Љуботен било определено за нивна главна логистичка база, набавка и складирање на оружје и мобилизирање на доброволци. Оваа група на неколку места го минирала патот кој водел спрема селото Башинец. Според оперативните сознанија на Управата за безбедност и контраразузнавање во текот на јули 2001 година, повеќе терористички групи од Генерал Јанковиќ преку селото Блаце пристигнале и се приклучиле во редовите на т.н. ОНА во село Љуботен.

Историја на настанот[уреди | уреди извор]

На 10 август 2001 година во 08,00 часот на месноста викана Љуботенски Бачила на шумскиот пат меѓу село Љубанци и село Љуботен, возило на Армијата на Република Македонија наишло на две нагазни мини, поставени од албански терористи, при што во настанатата експлозија животот го загубиле 8 припадници на Армијата на Република Македонија, а 9 војници биле потешко и полесно повредени. По настанатата експлозија кон припадниците на Армијата на Република Македонија бил отворен оган од пешадиско оружје, на што од страна на армиските сили било возвратено. Овој терористички акт претходно бил подготвен и организиран од страна на т.н. ОНА. Главен организатор на поставувањето на мините бил Џавит Асани со група од 25 лица, од кои дел биле од Косово, а дел од село Љуботен. Оваа група добила логистичка поддршка од дел на месното население, кое било ангажирано за следење на движењето и доаѓањето на припадниците на безбедносните сили во тој реон.

По овој терористички акт во село Љуботен и околината, продолжиле воените дејствија на припадниците на т.н. ОНА спрема македонските безбедносни сили (10-12.08.2001 година). Од страна на терористичките групи сместени во селото, повторно бил извршен вооружен напад на позициите на безбедносните сили стационирани кај одморалиштето во близина на село Љубанци, а во внатрешноста на село Љуботен била забележана раздвиженост на униформирани и вооружени лица, како и испукување на поединечни и рафални истрели.

Терористи[уреди | уреди извор]

Во борбите со македонските безбедносни сили учествувале терористичките групи на командантите: Џавит Асани и Назми Сулејмани (околу 200-300 лица), специјална единица за брза интервенција, под команда на Назим Буши “Адаши”, командант на 114 бригада Фадил Нимани - Тигар, која броела околу 150 лица, како и единицата на командант “ Тели ” (Лефтер Коџај) од Албанија. Командантот Адаши - Назим Буши, издал наредба за напад врз македонските безбедносни сили во село Љубанци и село Бродец каде била стационирана артилериска единица на Армијата на Република Македонија. Наредбата за напад врз македонските безбедносни сили во село Бродец била со цел одземање на артилериско оружје. Ова оружје терористите на т.н. ОНА планирале да го употребат за гаѓање на Рафинеријата и градот Скопје. Во врска со акцијата во село Бродец, командант “ Ада ши ” го информирал Гзим Остреми (командант “ Дајо ” ). За време на борбените дејствија, командантот “ Дајо ” одговорен за логистика, го информирал “ Туши ” (генерал Зејадин Туши од Армијата на Република Македонија), дека од селаните во село Љуботен биле забележани војници во селото. Туши го запознал “ Дајо ” дека тоа биле нивни војници кои дејствувале без команда, но дека имале и две единици подготвени за напад во секое време. Во нападот кај село Љуботен врз македонските безбедносни сили учествувале терористичките групи на командантите “ Адаши ” – Назим Буши, Енвер Барди од С. Блаце (дезертер од специјалната единица “ Шкорпиони ” на Армијата на Република Македонија), Халил Палоши, Гафур Адили и командант “ Шкупи ” од Скопје.

Полициска акција[уреди | уреди извор]

Заради зачестеноста на вооружените напади кои беа директно насочени кон безбедносните сили на Република Македонија, како и проценките за опасност од проширување на терористичките дејствија на пошироко подрачје, безбедносни сили презеле акција за одбивање на нападите и разбивање на терористичките групи. Истовремано, Министерството за внатрешни работи, согласно законските овластувања, презел интезивни мерки за откривање на сторителите на терористичките напади, при што биле приведени 73 лица од село Љуботен. По спроведената законска постапка, како и од вештачењето на земените “ парафински ракавици ” и утврденото присуство на барутни честички, 27 од лицата со кривични пријави биле предадени на Основното јавно обвинителство во Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело тероризам и подготвување на тероризам, со што го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија. Притоа било утврдено дека пријавените лица, на 12 август 2001 година, со претходно набавено оружје и муниција, отпочнале директен вооружен напад врз позициите на македонските безбедносни сили во атарот на село Љуботен. Со овие дејствија пријавените продолжиле во текот на целиот ден, сè до нивното разбивање, факање и лишување од слобода во реонот на борбените дејствија во село Љуботен и околината. Од страна на Истражниот судија, на овие лица им била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Денот потоа[уреди | уреди извор]

На 14 август 2001 година во 12,55 часот Министерството за внатрешни работи добило известување дека во реонот на село Љуботен се пронајдени 5 трупа. За настанот веднаш била формирана увидна екипа составена од Истражен судија од Основниот суд Скопје 2, Заменикот на основниот јавен обвинител во Скопје и стручни лица од Министерството. Пред упатувањето на екипата на лице место, биле направени проверки за безбедносната состојба во селото преку соработка со пратеникот во Собранието на Република Македонија, Фатмир Етеми, кој предупреди да не се влегува во селото поради зачестени пукања од огнено оружје и раздвижување на вооружени лица. По повторниот обид на увидната екипа да влезе во селото Љуботен и да изврши увид, беше заклучено дека фактичката состојба е изменета и не може да се изврши веродостоен увид, затоа што лицата се погребани.

На 16 август 2001 година терористички групи сместени во селото Љуботен повторно со автоматско и снајперско оружје ги нападнале позициите на полициските сили сместени на ова подрачје, а забележан е и случај на палење на куќата на Димо Ацевски, жител на селото.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 http://www.utrinski.mk/?ItemID=213B4577B07A6949A7547BDA084DDC39