Џавит Асани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џавит Асани
Xhavit Hasani
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Џавит Асани (албански: Xhavit Hasani; Танушевци, Скопско, 10 мај 1957) — македонски политичар и поранешен член на ОНА.

Во редовите на ОВК на приклучил во 1999 година кога имал организирано илегален канал за префрлање на доброволци на Косово преку реонот на село Танушевци. Исто така, во исто време имал и своја единица на припадници на ОВК. По завршувањето на војната во Косово, се занимавал со шверц на акцизни стоки и оружје за потребите на ОВПМБ[1]..

Во текот на конфликтот во Македонија, Асани бил локален командант за регионот Танушевци-Дебалде-Витина, водач на групата „Шипоња“. Под негова команда во околината на Каменица се вршела обука на 140-160 лица за вооружени акции во јужна Србија и Македонија. На 16 февруари 2001 командувал на самиот почеток на борбите во Р.Македонија со АРМ во с.Танушевци, по откривањето на репортерот Снежана Лупевска од А1 телевизија за постоење на војни формации во Танушевци, и нејзиното заробување и ослободување по обавениот телефонскиот разговор лично со Асани.

Учествувал во случајот Љуботен.

На 24 јули 2001 година бил ставен на македонската црна список на граѓани[2], а на 27 јули е ставен ѝ на списокот на американскиот претседател Џорџ Буш[3]. Осуден на 13 години затвор од скопскиот основен суд.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 83
  2. „македонска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-12-25.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 2011-02-16.