Горноџумајски случувања: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:

== Причини ==
== Причини ==

{{ВМРО (Aвтономистичка)}}
Постојата две гледишта за причините кои довеле до Горноџумајските убиства. Според првото гледиште, случувањата се оценуваат како етапа на кризата предизвикана од Коминтерната во [[ВМРО]] и последен чекор кон решително оделување на левицата од Организацијата како [[ВМРО (Обединета)]]. Според ова гледиште, Горноџумајските случувања се оценуваат како казнена акција на десницата од ВМРО врз учесниците во заговорот и убиството на [[Тодор Александров]]. Меѓутоа, постојат повеќе нејасни и таинствени околности околу атентатот врз Тодор Александров, кој како настан е еден од најмистериозните во поновата македонска историја. Кој е нарачателот на атентатот врз Тодор Александров? Ако реално се погледнат работите, фактите и развојот на настаните, пред и после атентатот, многу е тешко, речиси невозможно и после толку долг временски период да се даде одговор на ова прашање. Сепак се посочуваат два центри кои би можеле да бидат можните ''интелектуални'' убијци на Тодор Александров: Комунистичката интернационала заедно со БКП и другите левоориентирани партии, движења и струи во Бугарија и воено-политичките фактори блиски до бугарската влада на премиерот [[Александар Цанков]] <ref>Предавствата и атентатите во македонската историја, Виолета Ачковска и Никола Жежов, Скопје, 2004 год</ref>. Овие нејасности го доведуваат под знак прашалник оправданието на десницата за акција.

Ред 8: Ред 8:

== Хронологија ==
== Хронологија ==
{{ВМРО (Aвтономистичка)}}
* Во Горна Џумаја била закажана средба на која требало да се надминат недоразбирањата меѓу спротивставените страни.
* Во Горна Џумаја била закажана средба на која требало да се надминат недоразбирањата меѓу спротивставените страни.

Преработка од 09:36, 23 септември 2011

Горноџумајските случувања или Горноџумајски атентати и убиства се серија на ликвидации кои претставувале последица на кризата и меѓусебните непријателства помеѓу левицата и десницата во редовите на македонското националноослободително движење, по убиството на Тодор Александров.

Причини

Постојата две гледишта за причините кои довеле до Горноџумајските убиства. Според првото гледиште, случувањата се оценуваат како етапа на кризата предизвикана од Коминтерната во ВМРО и последен чекор кон решително оделување на левицата од Организацијата како ВМРО (Обединета). Според ова гледиште, Горноџумајските случувања се оценуваат како казнена акција на десницата од ВМРО врз учесниците во заговорот и убиството на Тодор Александров. Меѓутоа, постојат повеќе нејасни и таинствени околности околу атентатот врз Тодор Александров, кој како настан е еден од најмистериозните во поновата македонска историја. Кој е нарачателот на атентатот врз Тодор Александров? Ако реално се погледнат работите, фактите и развојот на настаните, пред и после атентатот, многу е тешко, речиси невозможно и после толку долг временски период да се даде одговор на ова прашање. Сепак се посочуваат два центри кои би можеле да бидат можните интелектуални убијци на Тодор Александров: Комунистичката интернационала заедно со БКП и другите левоориентирани партии, движења и струи во Бугарија и воено-политичките фактори блиски до бугарската влада на премиерот Александар Цанков [1]. Овие нејасности го доведуваат под знак прашалник оправданието на десницата за акција.

Според второто гледиште, Иван Михајлов под превезот на одмазда за убиството на Тодор Александров, а под обвинение дека тие го сториле тоа, сакал да се пресмета со левицата во Организацијата, предводена од Алеко Василев и Георги Атанасов и со раководството на емигрантската Илинденска организација во Бугарија.

Хронологија

  • Во Горна Џумаја била закажана средба на која требало да се надминат недоразбирањата меѓу спротивставените страни.
  • На 11 септември во Горна Џумаја пристигнале луѓето блиски до Михајлов. Истата вечер, Шанданов, кој бил одреден за раководител на акцијата, незабележано отишол во домот на Иван Караџов, со кого се договорил акцијата да почне утредента, на 12 септември, а Караџов требало да ја подготви милицијата на ВМРО од градот што му била лојална.
  • На 12 септември, Алеко Пашата и Атанасов имале средба со Александар Протоѓеров. Средбата започнала со голема недоверба меѓу присутните од двете групи. Најпрвин зборувал членот на ЦК, Протоѓеров, кој со солзи соопштил дека оваа средба по убиството на Александров била со цел да се зачува единството на ВМРО и таа да се спаси од распаѓање. Откако зеле збор и Шанданов и Алеко Пашата, бил утврден дневниот ред на состанокот по однос на разни тековни прашања, при што и покрај тензиите, разговорите протекле многу мирно.
  • Вечерта, на 12 септември пристигнале и раководителите на Илинденската организација, а во градот пристигнал и Кирил Дрангов, кој по наредба на Иван Михајлов, го известил околискиот началник на ВМРО, Константин Алексиев за претстојните настани. Вечерта, групата составена од Шанданов, Иван Караџов, Кирил Дрангов, Панчо Михајлов, Асен Даскалов и Јордан Ѓурков, во куќата на Киро Црниот се договориле да дејствуваат за половина час.
  • По изготвениот план, според кој Шанданов и Ѓурков истовремено требало да стрелаат во Георги Атанасов, а П. Михајлов и Дрангов во Алеко Василев-Пашата, се упатил кон куќата на Панајот Рајнов, каде требало да ги извршат убиствата. Биле проверени од обезбедувањето и во собата во почетокот останале сами Шанданов и нервозниот Дрангов. Настаните се одвивале со голема брзина: Петар Шанданов и Дрангов истовремено пукале во грбот и во главата на Алеко, кој паднал мртов. По првите истрели, Панчо Михајлов и Јордан Ѓурков, изненадени од предвремениот почеток на нападот, со своите револвери почнале да пукаат преку прозорците во собата каде што бил Героги Атанасов со обезбедувањето. Атанасов успеал да избега.
  • По делумното смирување на состојбата во градот, Петар Шанданов, раководителот на акцијата, му наредил на началникот на градската милиција на ВМРО, Борис Тиков, да ја опколат куќата каде се сметало дека бил скриен Атанасов и неговите пријатели и во текот на денот да ја претресат.
  • По контактите на Михајлов со генералот В'лков, Горна Џумаја била блокирана од бугарска војска и полиција, која имала за задача да ги убие или уапси сите останати приврзаници на Алеко Паша, но и членовите и раководителите на Илинденската организација. На 13 септември при обидот маскиран да се пробие низ опсадата на градот, бил заробен Георги Атанасов, кој и покрај неговите молби да биде поштеден, бил застрелан од страна Асен Даскалов.
  • Четата на струмичкиот војвода Милан Пустоларски, добила задача заедно со една бугарска воена единица да се упати кон селото Препечино, во близина на Петрич, за да ги фати и убие атентаторите на Тодор Александров, војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров. Четниците и војската ја заобиколиле куќата во која биле убијците на Александров, при што се развила жестока престрелка во која за да се принудат Влахов и Вретенаров иа предавање бил запален кровот на куќата во која тие биле засолнети. Откако куќата веќе сериозно била зафатена од пламенот, се слушнале истрел од револвер и експлозија на бомба. Куќата целосно изгорела и потоа се утврдило дека Штерју Влахов се самоубил со истрел во устата, а Динчо Вретенаров си го одзел животот со бомба. Нивните тела не биле закопани, туку од страна на четниците и војниците биле фрлени во реката Струма.

Извори

  1. Предавствата и атентатите во македонската историја, Виолета Ачковска и Никола Жежов, Скопје, 2004 год