Прејди на содржината

Штерју Влахов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штерију Влахов
Роден 1884
Просеник, Серско, Егејска Македонија
Починал 15 септември 1924
Припечене, Петричко, Пиринска Македонија

Штерју Влахов, со псевдоним Сербезов, ( 1884 во Просеник, Серско, Егејска Македонија15 септември 1924 во Припечене, Петричко, Пиринска Македонија) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација. Заедно со Динчо Вретенаров, тој е еден од физичките убијци на Тодор Александров.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Влахов е роден во 1884 година во Просеник, тогаш во Отоманското Царство. Учествува како доброволец во Македонско-одринското ополчение во текот на Балканските војни во четата на Георги Занков, во 1 чета при 11 серска дружина и здружената партизанска чета на МОО.

По 1919 година учествува во обновата на ВМРО во Петричко. Станува околиски војвода во Горноџумајско, но влегува во конфликт со претседателот на околиското окружно тело Аргир Манасиев и Михаил Монев блиски до Тодор Александров.[1] Влахов отворено зборува против убиствата на комунистите и војводата Стефан во 1923 година по наредба на Михаил Монев, кој, пак, го обвинил Влахов за шпионажа во корист на комунистите.

Кон крајот на август 1924 година Влахов и Динчо Вретенаров го извршиле убиството на Тодор Александров на Пирин. Основната претпоствка е дека двајцата ја извршиле наредбата на Алеко Василев и Георги Атанасов, а според други убиството е спонтан израз на стравувањата на Штерју Влахов да биде елиминиран без пресуда [2].

По убиството, Штерју Влахов и Динчо Вретенаров се кријат во колиба во Препечен сè до почетокот на Горноџумајските настани. Во тоа време четата на Влахов, на чело со секретарот Атанас Џолев се наоѓа во Горна Џумаја. На 15 сепетмври, Влахов и Вретенаров биле опколени од четата на Милан Постоларски, дошло до вооружена претрелка по што куќата во кој се криеле била запалена, за да не паднат живи се самоубиле. Штерју се самоубил со истрел во устата, а Вретенаров се разнел со бомба. Нивните тела не биле закопани туку фрлени во реката Струма [3].

  1. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 108. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Гаджев, Иван. „Иван Михайлов - отвъд легендите“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, стр. 396-397
  3. Виолета Ачковска и Никола Жежов, „Предавствата и атентатите во македонската историја“, Скопје, 2004.