Динчо Вретенаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден ?
Спатово, Долна Џумаја, Егејска Македонија
Починал 15 септември 1924
Припечене, Петричко, Пиринска Македонија

Динчо Вретенаров, со псевдоним Кескинов, бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, тој еден од физичките убици на Тодор Александров.

Биографија[уреди | уреди извор]

Динчо Вретенаров е роден во с. Спатово, Серско. По 1919 година учествува во основањето на ВМРО во Петричко. На 27 август 1921 година заедно со Штерију Влахов го убиваат петричкиот окружен управник Борис Козлев, по што стануваат нелегални. Станува околиски војвода во Мелничко. На крајот на август 1924 година Штерју Влахов и Динчо Вретенаров го извршуваат убиството на Тодор Александров во Пирин. Основната претпоствка е дека двајцата ја извршиле наредбата на Алеко Василев и Георги Атанасов, а според други убиството е спонтан израз на стравувањата на Штеријо Влахов да се елиминираат без пресуда [1].

По убиството, Штерју Влахов и Динчо Вретенаров се кријат во колиба во Препечен се до почетокот на Горноџумајските настани. Во тоа време четата на Влахов, на чело со секретарот Атанас Џолев се наоѓа во Горна Џумаја. На 15 сепетмври, Влахов и Вретенаров биле опколени од четата на Милан Постоларски, дошло до воружена претрелка по што куќата во кој се криеле била запалена, за да не паднат живи се самоубиле, Штерју се самоубил со истрел во устата, а Вретенаров се разнел со бомба. Нивните тела не биле закопани туку фрлени во реката Струма [2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гаджев, Иван. „Иван Михайлов - отвъд легендите“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Св. Климен Охридски“, стр. 396-397
  2. ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Автори Виолета Ачковска и Никола Жежов,Скопје,2004 год