Атентат врз Димо Хаџи Димов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Атентатот врз Димо Хаџи Димов бил извршен на 13 септември 1924 година на улицата Пиротска во Софија.

Хаџи Димов за време на денските часови на 13 септември разбрал за убиството на Славчо Ковачев, негов пријател и сомисленик, за овој акт тој искоментирал дека повторно започнале физичките истребувања во македонското револуционерно движење и изразил жалење за таквата состојба. Димо Хаџи Димов се упатил кон кафеаната Галик за да се запознае со подробности околу убиството на Ковачев. На улицата Пиротска тој бил пречекан од Владо Черноземски, кој со неколку револверски истрели го соборил на земја, а за да се осигури во неговата смрт се наведнал над трупот на жртвата и пукал уште двапати. Следниот ден претседателот на Народното собрание на Бугарија дал кратко соопштение дека бил убиен народниот пратеник Димо Хаџи Димов[1]

Објаснувањето за атентатот било наводното учество на комунистите во убиството на Тодор Александров [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Дончо Даскалов, Политически убийства...цит., 109.
  2. Предавствата и атентатите во македонската историја, Виолета Аковска и Никола Жежов, Скопје, 2004 год