Сирково
Сирково | |
![]() Поглед на Сирково од црквата „Св. Ѓорѓи“ | |
Координати 41°30′23″N 21°53′18″E / 41.50639° СГШ; 21.88833° ИГД | |
Регион | Предлошка:Грбови |
Општина | Росоман |
Област | Тиквеш |
Население | 476 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1421 |
Шифра на КО | 11040 |
Надм. вис. | 234 м |
![]() |
Сирково — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Географија и местоположба
Сирково е сместено на крајното јужно подножје на планината Клепа, во Тиквешката Котлина. Поточно, населбата се наоѓа во Росоманското Поле, на западниот дел на Општината Росоман, чиј атар се допира со просторот на Општината Градско[2]. Селото е рамничарско, расположено на надморска височина од 300 метри[2]. Атарот зафаќа пространство од 23 км2, на кои обработливото земјиште зазема површина од 1249 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 837 хектари[2].
Историја
Стопанство
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b9/%D0%90%D1%84%D0%B8%D0%BE%D0%BD_%D0%9C%D0%9A_04.jpg/220px-%D0%90%D1%84%D0%B8%D0%BE%D0%BD_%D0%9C%D0%9A_04.jpg)
Селото Сирково има полјоделско-сточарска функција[2], односно најголемиот дел од населението се занимава со земјоделство и сточарство. Од земјоделството најразвиено е лозаро-овоштарството, односно одгледувањето на винова лоза и особено многу овоштарството со одгледување на пространи и голем дел на новоподгинати овоштарници на праски, круши, цреши, кајсии, сливи и лешници од различни видови. Во Сирково во минатото на големи површини, а денес повторно се возобновува одгледувањето на афион со многу висок квалитет. Од поледелските култури се застапени житарките: пченица и јачмен, градинарските култури: кромид, лук, пипер (различни видови), домати, модар патлиџан, морков, спанаќ, грашок од кои се одгледува и расад за продажба. Од сточарството на горниот крај на селото на подножјето на Клепа постојат штали и бачила во кои се одгледуваат овци, кози и крупен добиток како крави и волови. Дел од населението се занимава и со други дејности во индустријата и фабриките во Кавадарци, Неготино, претпријатија во Росоман, автопревоз и други услужни дејности.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сирково живееле 1.471 жител, од кои 1.400 Македонци муслимани, 60 Македонци православни и 11 Роми.[3]
Според потписот од 2002 година селото има 603 жители од кои:[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 474 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 127 |
Бошњаци | 0 |
останати | 2 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сирково има 476 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 396 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 59 |
Бошњаци | 0 |
Други | 21 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 719 |
1953 | 493 | — | — | — | — | 242 | ... | 1 | 736 |
1961 | 556 | — | 4 | ... | ... | 300 | ... | 33 | 893 |
1971 | 611 | — | — | — | ... | 266 | ... | 17 | 894 |
1981 | 556 | — | — | — | — | 212 | ... | 7 | 775 |
1991 | 520 | — | — | — | — | 151 | ... | 30 | 701 |
1994 | 498 | — | — | — | — | 154 | ... | 5 | 657 |
2002 | 474 | — | — | — | — | 127 | — | 2 | 603 |
Родови
Сирково било македонско муслиманско село, сега е доминанто православно село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
- Староседелци: Хасанчевци со Мемиш-агини Имет-агини, Емин-агини (18 к.), Ѕенѕеровци (10 к.), Ѓурдовци (11 к.), Муратовци (2 к.), Лукаровци (3 к.), Пастаровци (5 к.), Барјактаровци (5 к.), Сулевци (4 к.), Шаловци (6 к.), Халовци (3 к.), Реџовци (1 к.), Касамовци (4 к.), Алишковци (8 к.), Кавазовци (5 к.), Митровци (7 к.), Татаровци (7 к.), Ленковци (8 к.), Бечовци (6 к.), Џамбазовци (6 к.), Чебовци (6 к.), Пуневци (6 к.), Шабановци (2 к.), Али Беговци со Зулферовци, Оџевци и Брковци (24 к.), Караговци (4 к.), Идризовци (8 к.), Телевци (8 к.), Остраковци (4 к.), Бишовци (4 к.), Абдовци (7 к.), Мула Салијовци (6 к.), Каралијовци (8 к.), Ахметовци (5 к.), Пирковци (4 к.), Емчевци (3 к.), Адиловци (3 к.), Вотковци (2 к.), Букевци (2 к.) и Шулишовци (3 к.)
- Доселеници: Рамовци (1 к.) доселени кон крајот на 18 век од Јуручкиот предел; Бизевци (7 к.) доселени на почетокот од 19 век од селото Бизевиќ, и овде се исламизирале.[6]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 717 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Крушевица.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 464 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
Во атарот на Сирково се познати следниве археолошки наоѓалишта:[9]
- Поточе - Бавче — осамен наод од римско време
- Пржалка — населба од римско време
- Сирките — населба од доцноантичко време
- Струплива Чешма — некропола од старомакедонско и римско време
- Табаница — осамен наод од римско време
- Чернец — населба од римско време
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Муслиманите од селото се имаат иселено во Турција.
Галерија
-
Поглед на Сирково од јужното подножје на Клепа
-
Поглед на Сирково од дворот на селската црква
-
Поглед на Сирково
-
Новата црква „Св. Ѓорѓи“
-
Старата црква „Св. Ѓорѓи“
-
Канал на ХС Тиквеш кај Сирково
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 271-272. Посетено на 16 декември 2018.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 160. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
|