Радомир Путник (книжевник)
| Радомир Путник | |
|---|---|
Радомир З. Путник | |
| Роден/а | 9 јули 1946 Оџаци, НР Србија, ФНРЈ |
| Националност | Србин, Југословен |
| Народност | Србин |
Радомир З. Путник (Оџаци, 9 јули 1946 — 3 ноември 2025) ― српски писател, драматург, театролог, театарски и книжевен критичар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Радомир Путник роден во Оџаци на 9 јули 1946 година. Основно училиште и гимназија завршил во Вршац. Дипломирал драматургија на Академија за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1972 година.
Од 1972 до 1976 година бил уредник на театарската и филмска рубрика во списанието „Књижевна реч“. Во Телевизија Белград работел од 1974 година, како хонорарен драматург во Драмската редакција на Првата програма. Од 1978 година бил уредник во Драмската редакција, а од 1983 уредник во Редакцијата на играната програма до 1993 година и од 1997. Во меѓувреме бил директор на Драмата во Народниот театар во Белград (1993 — 1997). Од мај 1999 година до август 2001 година бил главен и одговорен уредник на Уметничката програма на РТС. Бил и театарски критичар на Третата програма на Радио Белград (1974 — 1993) и „Политика“ (1986—1993) и главен уредник на списанието „Сцена“ (1990 — 1994), како и професор по драматургија во филмското училиште „Дунав филм“ во Белград. Од септември 2001 година до јули 2003 година, работел на местото уредник на Културно-уметничката програма на РТС-ТВБ. Од јули 2003 година бил драматург во БК Телеком. На 16 ноември 2005 заминал во старосна пензија. Живеел и работел во Земун.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Објавил повеќе книги поезија, проза, театролошки и драматуршки огледи; напишало петнаесетина драми прикажувани во професионални театри и на телевизија, направил повеќе драматизации и адаптации на книжевни дела за театар и телевизија, како и телевизиска серија Крајот на династијата Обреновиќ (Крај династије Обреновиќ).
Напишал околу 1.500 критики на театарски претстави и книжевни критики за Третата програма на Радио Белград. Дел од критиката е објавен во дневниот печат (Политика, Политика експрес, Дневник, Вечерње новости) и книжевните листови и списанија (Дело, Треќи програм, Летопис на Матица српска, Књижевност, Савременик, Поља, Багдала, Кораци, Свеске, Театрон, Лудус, Књижевна реч, Књижевне новине, Књижевни лист...).
Добитник е на повеќе стручни и јавни признанија, од кои најзначајни се: Златни беочуг КПЗ Београда, Златна значка КПЗ Србије и Вукова награда.
Библиографија – Објавени дела
[уреди | уреди извор]Песни
[уреди | уреди извор]- Каде да се тргне ( Куда кренути), Клуб на писатели, Вршац, 1964;
- Птица со розова кожа (Птица ружичасте коже), Клуб на писатели, Вршац, 1970;
- Резбарии (Резбарије), Багдала, Крушевац, 1971;
- Заумна пештера (Заумна пећина), Нолит, Белград, 1972;
- Неделен ручек (Недељни ручак), КОВ, Вршац, 1976;
- Доцен час (Касни сат) (библиофилско издание, 30 примероци), АПУ, Белград, 1976;
- Откривање на времиња (Откривање времена), Угао, Вршац, 1991.
Проза
[уреди | уреди извор]Драматуршко-театролошки списи
[уреди | уреди извор]- Читајќи одново (Читајући изнова), Стеријино позорје, Нови Сад, 1990;
- Приближување на театарот (Приближавање позоришту), Народен театар Белград, 1996;
- Од театролошки репозиторијум (Из театролошког репозиторијума), Денови на комедијата (Дани комедије), Јагодина, 1999;
- Драматуршки работи (Драматуршки послови), Чигоја штампа, Белград, 2005;
- Драматуршка аналекта, Здружение на драмски писатели на Србија, Белград, 2007.
Изведени драми
[уреди | уреди извор]- Што е најголемиот домет на сексот (Шта је највећи домет секса), Атеље 212, 1969;
- Венијаминов крст, Радио Белград, 1969;
- Трактат за кафенцето (Трактат о кафици), Народен театар Стерија, Вршац, 1972;
- Симон од Кирена (Симон из Кирене), Радио Сараево, 1973;
- Бурек со леш (Бурек с лешом), Радио Сараево, 1973;
- Покајница, Радио Скопје, 1973;
- Хероите не умираат (Хероји не умиру), Народен театар, Вршац, 1975;
- Светковина, Народен театар, Сомбор, 1981;
- Баца Ица и неговата Мица ( Баца Ица и његова Мица), Народен театар Стерија, Вршац, 1982;
- Глинени гулаби (Глинени голубови), Народен театар Зеница, 1986;
- Ноќ во Келтиевата куќа (Ноћ у Келтијевој кући), Радио Белград, 1986;
- Климактеријум, Народен театар Стерија, Вршац, 1992,
- Имаме доволно време (Имамо довољно времена), Народен театар, Зајечар, 1993;
- Последните мигови на кралот Александар и кралицата Драга (Последњи тренуци краља Александра и краљице Драге), Хајат, Белград, 1996;
- Туцинданска трагедија, Радио Белград, 2000;
- Куќа на кејот (Кућа на кеју), Радио Белград, 2007.
Драматизации
[уреди | уреди извор]- Битка за Белград (Битка за Београд), според романот на Добрица Ќосиќ „Време на смртта“ („Време смрти“), Сава центар, Белград, 1989;
- Деца на пеколот (Деца пакла), според истоимената книга на др Јован Букелиќ, Фестивал на монодрама и пантомима, Земун, 1998.
ТВ серии
[уреди | уреди извор]- Крај на династијата Обреновиќ (Крај династије Обреновић), 11 епизоди, Телевизија Белград (1995)[2]
Објавени книги од областа на драматургијата и театрологијата
[уреди | уреди извор]- Читајќи одново (Читајући изнова) (Стеријино позорје, Нови Сад, 1990);
- Приближување на театарот (Приближавање позоришту) (Народен театар, Белград, 1996);
- Од театролошкиот репозиторијум (Из театролошког репозиторијума) (Денови на комедијата, Јагодина, 1999);
- Драматуршки работи (Драматуршки послови) (Чигоја штампа, Белград, 2005);
- Драматуршка аналекта (Здружение на драмски писатели на Србија, Белград, 2007)[3]
Ги приредил следниве книги
[уреди | уреди извор]- Бело кафе (Бела кафа), драми на Александар Поповиќ, СКЗ, 1994;
- Нега на мртовци (Нега мртваца), драми на Александар Поповиќ, Просвета, Белград, 1996;
- Лица на поетот (Лица песника), РТС, Белград, 1999;
- Изабрани драми на Александар Поповиќ (Изабране драме Александра Поповића) 1,2, Верзал прес и Војноиздавачки завод, Белград, 2001. и Војноиздавачки завод и Кариќ фондација, Белград, 2003;
- Антологија на ТВ драмата 5 (Антологија ТВ драме 5), РТС и Војноиздавачки завод, Белград, 2002;
- Антологија на современата монодрама (Антологија савремене монодраме), Фестивал на монодрама и пантомима, Земун, 2003;[4]
- Панорама монодрама, Фестивал на монодрама и пантомима, Земун, 2004;
- Театарски критики на Авде Мујчиновиќ (Позоришне критике Авде Мујчиновића), Стеријино позорје, Нови Сад, 2005;
- Театарски и телевизиски монодрами (Позоришне и телевизијске монодраме')', Фестивал на монодрама и пантомима, Земун, 2006;
- Монодрама и пантомима, Фестивал на монодрама и пантомима, Земун, 2008.
Адаптации за театар и ТВ
[уреди | уреди извор]- Јаша Томиќ: Развод на брак (Развод брака), ТВ Нови Сад, 1976;
- Ричард Фрелек: Лице в лице во Неапол (Лицем у лице у Напуљу), ТВ Белград, 1983;
- Аристофан: Лисистрата, Сава центар, 1993;
- Јован Стерија Попови: Судбината на еден разум (Судбина једног разума), ТВ Белград, 1997;
- Јован Стерија Поповиќ: Џандрлив маж (Џандрљиви муж), ТВ Белград, 1998.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Предлошка:ИМДб име
- Културни центар Новог Сада Архивирано на 4 јануари 2009 г.
- ANTOLOGIJA SAVREMENE MONODRAME Архивирано на 8 август 2014 г.
- Радомир Путник - Аутобиографије уживо
- Radomir Putnik: Bajka kao pozorišni izazov
- Teatrološka istraživanja – Radomir Putnik: Stvaralaštvo Miodraga Đukića
- Radomir Putnik Архивирано на 24 септември 2015 г.
- Dodela vukove nagrade
- Nagrada Dositej Obradović Vladeti Jerotiću Архивирано на 8 август 2014 г.
- Kako su savremeni srpski pisci osvojili Apeninsko poluostrvo
- O Aleksandru Popoviću
- Bajka kao pozorišni izazov
Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Волк Петар, Позоришни живот у Србији 1835-1994. - Писци националног театра, Музеј позоришне уметности Србије, Београд, 1995.
- Симић Драгослав, Аутобиографије уживо - од Слободана Јовановића до данас, Београд, Драслав. 2007. ISBN 979-86-7614-069-4.
- ↑ Радомир Путник (књижевник) – Српска енциклопедија
- ↑ „Kraj dinastije Obrenović na RTS-u“. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 2018-06-10.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-05-01. Посетено на 2018-06-10.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-08-08. Посетено на 2018-06-10.